ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИТЕ НАСТАНИ ВО ДЕЛОТО НА ХЕРОДОТ, ПРЕВЕДЕНО ОД ЏОРЏ РОУЛИНСОН

Кога Аминта го рекол тоа што е презентирано во предходното продолжение, пратил да донесат неколку жени. И жените дошле на неговиот повик, денале една до друга, спроти Персијците. Кога Персијците виделе дека жените се плашат, а се толку убави, повторно му се обратиле на Аминта:

 “Она што е сторено не е мудро; бидејќи подобро би било жените воопшто и да не дојдеа, отколку што дојдоа на ваков начин; не седнаа на наша страна, до нас, туку на спротивната за да ни ги мачат очите.”

Така, Аминта бил присилен да им нареди на жените да седнат до Персијците. Жените направиле како што им било наредено; тогаш Персијците, кои испиле повеќе отколку што требало, почнале да ги ставаат своите раце врз нив; еден дури се обиеил да ја бакне жената што седела до него.

Кралот Аминта гледал, но молчел, иако крајно жалел, бидејќи многу се плашел од моќта на Персијците. Но, Александар, синот на Аминта, кој, исто така, бил присутен и кој бил сведок на сето тоа, бидејќи бил млад и не знаел што е тоа страдање, не  можел повеќе да се воздржува. Затоа, исполнет со јарост и гнев, вака му рекол на Аминта:

“Драг татко, ти си стар и ќе се поштедиш себеси. Стани од масава и оди да се одмориш; не останувај да пиеш. Јас ќе останам со гостите и ќе им дадам се што е потребно”.

Аминта, кој претпоставувал дека Александар ќе направи некоја бесмислена шега, одговорил:

“Мил мој сину, твоите зборови ми звучат како да се на некој кој е блиску до оган и забележувам дека ме бркаш за да можеш да направиш некое непромислено дело. Те преколнувам да не правиш урнебес за овие луѓе, а уште помалку сите нас да не донесеш до уништување, туку внимавај да изгледаш смирено што и да прават тие. А, што се однесува до мене, ќе се повлечам како што ми нареди”.

Аминта, штом му го рекол ова на сина си, излегол. А, Александар им рекол на Персијците:

“Сметајте ги овие дами како да се ваши сопствени, драги туѓинци, сите или било која од нив – само кажете ги вашите желби. Но сега, како што се приближува ноќта, а гледам дека доволно се напивте, дозволете им, ако ви е по волја, да се повлечат а кога ќе се искапат, тие повторно ќе се вратат.”

1at12212

Кралот Аминта

Персијците се согласиле, а Александар, откако жените излегле, ги испратил до харемот и наредил во нивните соби да има исто толку голобради момчиња, облечени во женски наметки кои потоа ги вооружил со бодежи и им ги однел на Персијците, претставувајќи им ги со зборовите:

“Мислам, драги Персијци, дека ништо не ви недостасува во вашата забава. Ја поставивме масата пред вас со сето она што го чуваме за себе и се’ што можевме да најдеме ви дадовме вам – а сега, да го крунисаме сето тоа, ви ги носиме нашите сестри и мајки за да можете да сфатите дека целосно сте почитувани од нас, онака како што доликува да бидете – а, исто така, и за да можете да му пренесете на кралот кој ве испратил овде дека има еден човек, намесникот на Македонија, од кого вие бевте и нагостени и убаво сместени.”

Велејќи го тоа, Александар до секој од нив ставил една од оние што тој ги нарекувал македонски жени, а всушност биле мажи. А тие мажи, кога Персијците станеле груби, ги погубиле со своите бодежи. На тој начин амбасадорите исчезнале, а, исто така, исчезнале и оние кои ги придружувале. Персијците донеле голема свита со нив, кочии, слуги и багаж од секаков вид, но сето тоа  исчезнало во исто време кога исчезнале и тие.

Кратко време, потоа, Персијците извршиле детална потрага по нивните изгубени амбасадори; но, Александар, со многу мудрост ја прикрил работата така што ги поткупил оние кои биле пратени на таа задача, делумно со пари, а делумно подарувајќи им ја својата сестра Гига /Gygaea/, која дал да се омажи за Бубарес /Bubares/, Персиец, главен водач на експедицијата која дошла во потрага по изгубените мажи.

На тој начин, смртта на тие Персијци била прикриена и никогаш повеќе не се говорело за истата.} (Од првата книга на Херодот од Халикарнас, 440 година пред Христа, ИСТОРИЈАТА НА ХЕРОДОТ, преведена од Џорџ Роулинсон).

Борза не се согласува сосема со приказната на Херодот, ама се согласува дека бракот на Гига со Бубарес бил вистински. Борза мисли дека тоа бил Аминта, не Александар, кој го договорил бракот како дел од преговорите за македонско-персиски сојуз. (стр. 102-103, Еуген Борза, “Во сенката на Олимп, Појавувањето на Македон, Њу Џерси, 1990 година).

Освен чудните приказни кои го опкружувале Александар, не можевме да најдеме никакви други информации за владеењето на Аминта. Се верува дека Аминта умрел во 498 или 497 година пред Христа и дека бил наследен од Александар I истата година.

Животот во Македонија бил релативно мирен до 492 година пред Христа кога една персиска експедициска сила, под команда на Мардониј /Mardonius/, преминала во Европа со наредба да ја нападне Атина. Но, пред да вмаршира во Атина, а целосно занемарувајќи го македонско-персискиот сојуз, Мардониј решил да ги нападне локалните гратчиња, да зароби тракиски и македонски цивили и да ги направи робови. Акцијата на Персијците го испровоцирала локалното население и тие возвратиле со противнапад.

Персиската флота била нападната и потепена од страна на Бригите /the Bryges/ (Фригијците /Phrygians/) од Тракија додека се обидувала да плови околу Атос /Athos/ (Св. Гора). Ослабен од нападот, Мардониј не можел да ја исполни својата мисија и затоа се вратил во Персија. На Александар воопшто не му се допаднала помислата да го види својот народ во ропство.

Загубата на персиската флота во 492 година пред Христа била само безначаен неуспех за персиските планови. Наредната сцена која чекала да биде одиграна ќе се случи две години подоцна на атинското поле Маратон.

Со стапување на Ксеркс /Xerxes/ на престолот во 486 година пред Христа, голема персиска воена сила била подготвена и предводена во Европа во 480 година пред Христа. На војската и било дозволено да помине низ Македонија без да биде предизвикана.

Како персиски пратеник, дипломатските вештини на Александар биле тестирани во зимата 480/479 година пред Христа кога персискиот командант Мардониј го испратил во Атина да преговара за предавање на Атињаните. Наспроти неговите потврдени вештини, никакво мирно решавање не било постигнато и избувнала војна. Македонците се бореле на персиска страна против Атињаните.

Иако никаква причина не им се дава на неговите мотиви, Александар изгледа им бил од помош на Атињаните. Некои велат дека тој бил двоен агент и дека играл на картата двете страни да војуваат една против друга. Меѓутоа, постојат докази кои наведуваат дека Александар ги предупредил Атињантие за персиските планови во неколку наврати.

Персиската инвазија на Атина се покажала неуспешна. По смртта на Мардониј, инвазијата пропаднала и персиската експедициона воена сила ги напуштила плановите и со брзо повлекување се вратила во Персија. Откако Персијците заминале, Александар останал со неколку проблеми. Од една страна, се соочувал со моќните Атињани на кои морал да им даде одговор за неговата вмешаност со Персијците.

1at12213

Аргос

Од друга страна, персиското опустошување во Тракија ги ослабело тракиските упоришта и ги направило да бидат лесен плен за авантуристите. Тракиските земјишта, богати со минерални лежишта, биле многу вредни и атрактивни да се поседуваат.

Од она што Херодот ни го кажува, Александар добро ја одиграл својата убедлива улога кај Атињаните. Бил брз да ги истакне добрите и големи дела што тој ги сторил за нив и добрата волја што ја имал кон сите градови-држави. Неговата одбрана мора да била успешна бидејќи Атињаните не му наштетиле и, што е најважно, продолжиле да купуваат дрвена граѓа од неговото кралство.

Што се однесува до ширењето кон исток, Македонците не биле единствените кои посакувале да ги поседуваат тракиските земјишта со рудно богатство. Откако Персијците се повлекле, соседите на Александар од југ исто така дале на знаење дека и тие сакаат удел.

Но, Александар бил првиот кој го направил својот потег и ја окупирал напуштената крестонска /Crestonian/ територија, ридски регион помеѓу вардарската рамнина и струмичката долина. Тракијците, кои не ги сакале Персијците, претпочитале да ги напуштат своите домови отколку да му се потчинат на персиското владеење, оставајќи ги своите земји незаштитени. Со новостекнатата територија, дошле и богатите рудници за сребро Дисорон /Dysoron/, кои ќе го обезбедуваат толку потребното сребро за македонската ковачница на пари.

За жал, Атина не била задоволна од потегот на Александар. Во 476 година пред Христа една атинска експедиција била испратена да ја освои долината по долното течение на реката Струма, подрачје што некогаш било витална персиска база за снабдување.

Откако ги поразила и ги протерала Персијците и локалните Тракијци кои останале, Атина го населила подрачјето со околу 10.000 Атињани. Тоа навистина било проблематично за Александар и до 460 година пред Христа конфликтот помеѓу Македонија и Атина бил блиску. Изгледа дека Атињаните се подготвувале да извршат инвазија на Македонија.

Пред да ја добијат својата шанса, побунетите Тракијци, кои не го ценеле атинското присуство на нивните земјишта, особено не на оние кои се населиле,

ги нападнале и им ја уништиле нивната војска.

Оваа последна конфронтација не само што ја спасила Македонија, туку индиректно создала нов тракиско-македонски сојуз. Што се однесува до Атињаните, за наредните десет години, или приближно толку, тие ги пренасочиле своите интереси кон југ и запад, оставајќи ги Македонија и Тракија сами.

Херодот изгледа дека молчи за последните години на владеењето на Александар, но веројатно не се случувало ништо што било значајно или вредно за да се запише. Се верува дека Александар починал од старост, во 454 година пред Христа, на возраст од 80 години.

Владеењето на Александар траело 43 години, од 497 до 454 година пред Христа Тој бил татко на најмалку шест деца. Три биле машки и легитимни наследници на македонскиот трон, но Пердика бил тој кој се издигнал над сите нив и станал владетел и крал.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave6СЛАВЕ КАТИН