По стапките на Месијата (7) – од 1 – 4 станица на Христовото страдање

Во Стариот Град се наоѓа “Вија Долороса“ која започнува од “Лавовата Капија“, односно од црквата Св. Ана, позната по различните називи: “Патот на Крстот“, “Патот на болката“, “Патот на солзите“, “Патот на страдањето“, а го претставува трагичниот пат, по кој одел  Исус Христос, од моментот на изрекувањето на смртната пресуда, па се до погубувањето и воскреснувањето.

Ова всушност е последниот пат на Исус Христос до брдото Голгота, каде што Исус Христос бил распнат на крст. Патот е обележан со 14 стапки, места на кои се изградени капели и цркви, како спомени од значајните моменти на Христовиот трагичен пат и секоја го означува неговото судење во римската тврдина до врвот Голгота ( позната и како Калварија).

Првите 4 станици се наоѓаат во Муслиманскиот Кварт. Останатите се распоредени во Христијанскиот кварт.

Патот завршува со Светиот Гроб, место каде се наоѓа празниот гроб на Исус Христос.

Градинарскиот гроб е местото на погребувањето и воскреснувањето на Исус Христос.

Првата станица се наоѓа на раскрсницата на Патот на Страдањата и патот “Ел Вад“, низ која може да се излезе од Стариот Град низ Дамаската Врата. Убава, мала капела изградена 1974 година која во својата внатрешност плени со едноставната фасада на која е одсликан Исусовиот пад под Крстот. Над него, десетина ангели, тажно го набљудуваат Исусовиот пат.

Втората станица на Исус е веднаш при излегувањето од градските капии, кои ги обележува Фрањската Капела. На ова место, се наоѓа приказ на Исусовиот пад во бронза, и уште се нарекува и Капија на Судбината, а исто така, постои и макета на Ерусалим од времето на Христа.

На Исус му е облечена груба црвена наметка, на главата му е ставен бодликавиот венец, како и Крстот на грбот и вака тргнува на Страдалниот Пат.

Во дворот е и црквата на Трновиот Венец која ја изградил Максимилијан Хабзбуршки.

Додека Исус со Крстот поминувал под поранешната Триумфална Капија на која стоел Понтије Пилат и го гледал, рекол: Ова е само човек, (а не Божји Син!)

Трета станица-Исус прв пат паѓа под Крстот. Станицата ја граделе полски официри за време на Втората Светска Војна.

Четвртата станица е обележана со Ерменската Католичка Црква, се наоѓа црквата на Богородичниот грч од болка и го претставува местото на среќавањето на Исус Христос и Неговата Мајка Богородица која го гледала низ гомилата луѓе и не смеела да му пријде.

Продолжува наредна среда

hristovoto-stradanje-1

hristovoto-stradanje-2

hristovoto-stradanje-3

hristovoto-stradanje-4

hristovoto-stradanje-5

hristovoto-stradanje-6

hristovoto-stradanje-7

hristovoto-stradanje-8

hristovoto-stradanje-9

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *