Во третото поглавие на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“, во кој се вели дека со истражувањето на натписите, спроведено е истовремено и независно лингвистичко истражување на разни антички текстови ги имаме видено сите натписи и преводи на Дура-Еуропос.
Еве што Антони Амброжич, преведувачот на натписот, има да каже во врска со тоа:
“…пасусите беа пронајдени на различни места на римската тврдина Дура-Еуропос на реката Еуфрат. Со оглед на фактот дека командантот на стрелците ја прави својата посвета кон Митра /Mithras/ на венетски јазик, како што може да се види од пасусот што следи, голема е веројатноста дека има други венетски натписи на оваа локација. Натамошните истражувања несомнено ќе ги откријат истите.
Пасусите што следат се само репрезентативни примероци и во никој случај не се исцрпени.” (Стр. 74, Антони Амброжич, Збогум на Бретања, транскрипција и превод на пасуси и топоними на венетски јазик /Anthony Ambrozic, Adieu to Brittany, a transcription and translation of Venetic passages and toponyms/).
Откако го превел пасусот, еве што рекол Амброжич: “Бидејќи научниците припишуваат дека пасусот XXXXIV е од 170 година од нашата ера, … ние со сигурност можеме да заклучиме дека оние што говореле на венетски јазик во Дура-Еуропос и претходеле на римската анексија од 165 година по Христа.
Низ целата селеукидска (македонска доминација) помеѓу 300 години пред Христа и 100 години по Христа, позицијата командант (strategos) била привилегирана за потомците на првите македонски освојувачи. Откако го анексирале местото, Римјаните останале верни на оваа практика, ако не поради друга причина, тогаш поради недостаток на други извори на лидерство во распространетата гранична зона.
Според тоа, гледаме еден потомок на некогашни македонски владетели како прави посвета на неговиот Бог на се’ уште постоечкиот венетски јазик на своите предци, по околу четири и пол века по освојувањето. Опстанокот на јазикот може да се припише на затворениот круг, на цврсто затегнат јазол на македонската плутократија која владеела со автохтоните народи во една хегемонска пустинска област.
Основан од Селеук I Никатор, еден од генералите на Александар Македонски (чиј татко бил генерал на Филип Македон), градот Дура-Еуропос, откако бил закопан да лежи нем на бреговите на реката Еуфрат во текот на сиве овие бројни векови, сега нам ни зборува за еден народ на друга река, во друго време, на друг континент.
Во V век пред Христа, Херодот (I, 196), откако ги открил нив по долното течение на Дунав, ги нарекол Енети /Enetoi/ (Венети). ” (Стр. 86, Антони Амброжич, Збогум на Бретања, транскрипција и превод на пасуси и топоними на венетски јазик).
Така, стотици македонски зборови од словенско потекло се најдени и преведени од Хомеровите книги. Македонски натписи од времето на Александар, исто така, се преведени и е докажано дека содржат зборови од словенско потекло. Благодарение на напорите на Александар Донски, Антонио Шкокљев-Дончо, Ташко Белчев, Одисеј Белчевски и други, овие откритија се изнесени во јавноста.
Да не заборавиме дека, исто така, постојат пространи региони во северна, централна и источна Европа, вклучувајќи го и Пелопонез, кои до денес се’ уште имаат многу словенски топоними, а некои од нив датираат од предисториските времиња.
На поинаква тема, наше убедување е дека бројни големи војни се случиле во Македонија помеѓу 1.200 година пред Христа и 800 година пред Христа, кои можеби се одговорни за уништувањето на македонската протословенска цивилизација. Врз основа на доказите од бронзеното доба, најдени во многу гробници исполнети со урни во Македонија, тие војни може исто така да се одговорни за десеткувањето на македонското население.
Независни докази за овие војни може да се најдат во Хомеровите епови каде тие се сместени пред VIII век пред Христа. Не бевме во состојба да најдeме информации за обемот и траењето на овие војни, но напредокот постигнат кај металните оружја ги направил истите да бидат смртоносни и разорни за Македонците и околните популации.
Трауматизирани од разурнувањата, оние што ги преживеале војните ги изгубиле модерните патишта, останале изолирани и повторно потонале во племенски живот. Без одбрана и лишено од население, малото македонско кралство тогаш било ранливо на инвазии.
По војните, ретко населените региони, распарчени од војната, доживеале прилив на население од соседните племиња. На најјужната точка на Балканот, во близина на средоземниот брег, приливот, главно, бил од Блискиот Исток. Погоре кон внатрешноста напливот бил, главно, од север и од исток.
Се верува дека пролонгираната изолација и невообичаениот прилив на население, за релативно краток временски период предизвикале големи промени во некои места, а речиси никакви промени во други места. Крајбрежните народи кон југ, под влијание на понапредните цивилизации од Блискиот Исток, развиле демократски политички систем и го унапредиле земјоделството што им овозможило да можат да ги исхрануваат големите градови. Оние во внатрешноста, пак, од друга страна, под влијание на своите попримитивни северни соседи, напреднале многу малку.
Не најдовме никакви информации кои би покажале дали македонската цивилизација постоела пред големите војни или не постоела. Ако постоела, можеме да кажеме дека до 800 година пред Христа, Македонија била на патот на своето закрепнување, повторно потврдувајќи се себе си како главна сила во регионот и повторно насочена кон судир со нејзините соседи. Тогаш било само прашање на време кога ќе се случи друга голема војна за повторно да го проголта целиот регион. Но, за среќа, тоа нема да се случи во наредните петстотини години.
Традиционалните историчари многу им припишуваат на античките градови-држави, а речиси ништо на античките Македонци. Античките хеленски градови-држави, на пример, биле цивилизирани, “смели и интелигентни, способни самите да управуваат со себе. Но, варварите кои се “покорни по природа”, или смели но глупави, или и покорни и глупави, не можеле самите со себе да управуваат.” (Стр. 7-8 Николас Г. Л. Хамонд. Чудото што било Македонија /Nicholas G. L. Hammond, The Miracle that was Macedonia/). Ако бил таков случајот, зарем немало античките градови-држави да ја добијат битката кај Херонеја?
Macedonia in Ancient Times (Македонците во античкиот период), А. Шкокљев, С. Николовски- Катин и Р. Стефов, „Македонска искра“, Скопје, 2010, 1-232, (на англиски). The Balkans and Macedonia (Балканот и Македнија), A. Shkokljev-Doncho, S. Nikolovski-Katin, R. Srefov, „Контура“, Скопје, 2014, 1-308, (на англиски).
Ако античките хеленски градови-држави биле најцивилизираниот и најдоминантниот народ во античкото време, како што вели Хамонд, зошто тие не доминираат со светот денес? Зошто нивната супериорна цивилизација изумрела? Научно е докажано дека цивилизираните луѓе имаат поголемо влијание врз нецивилизарните. Обратно, нецивилизираните луѓе имаат многу мало влијание врз цивилизираните, без разлика кои се подоминантни. Египет е одличен пример за ова.
Зошто толку многу народи, на толку пространа територија, денес говорат словенски, дериват на предисторискиот македонски јазик, ако атичкиот јазик бил наводно најдоминантен јазик? Зошто не постои ниту едно село во Македонија пред 1912 година кое има грчко име или во кое се зборува грчки? Ако примитивните Словени ги освоиле и асимилирале таканаречените хеленизирани и цивилизирани Македонци, зошто тие не го присвоиле нивниот понапреден јазик, култура и топоними?
Одговорот е многу едноставен. Македонците никогаш не биле хеленизирани и, според тоа, го задржале својот словенски јазик и словенската култура од времето на Венетите. Неодамнешните и независни генетски студии и студиите за ДНК потврдуваат дека современите Македонци се еден од најстарите народи кои денес живеат на Балканот. Да се мисли дека една интелектуално инфериорна раса би заменила супериорна раса, не само што е далеку од умот, туку, исто така, е и ненаучно.
Продолжува
Пишуваат:
РИСТО СТЕФОВ И
СЛАВЕ КАТИН