Ахмети: Одлуката на Заев за оставки е избразна и неоснована

Синоќа разговарав со премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и му пренесов дека не се согласувам со неговите одлуки за оставка од двете функции, истакна претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети.

Ахмети нагласува дека му посочил на Заев дека во СДСМ треба да се разгледа неговата одлука, која, според него, е „избрзана и неоснована“.

– Синоќа имавме доста тензичен разговор со Заев, дека не се согласувам со таквата одлука, со неговата оставка од партијата и претседател на Владата. Му ги нагласив силните позиции на ДУИ. Овие се локални избори, ние пред една година победивме на општите избори и добивме мандат за да раководиме со политиките на државата. Така што и денеска повторно разговарав со Заев, му реков дека не можеме да направиме компромис за големи работи, за тој да се повлече. Во неговата партија треба да се разгледа оваа одлука, која според мое мислење е избрзана и неоснована, изјави Ахмети за ТВ 21.