Таравари: Ова е револуција на надежта

-Вечерва започна повикот на младината од Полог, порача актуелниот и кандидат за градоначалник на Гостивар од Алијанса на Албанците Арбен Таравари на отворањето на канцеларијата за млади во Гостивар, заедно со Младинскиот форум на партијата.

-Ова нашето е Револуција на надежта! Ова е Моќта на младоста, Моќта на почитта, Моќта на Гостивар, гласајте за Гостивар. Заокружете број 6 и Бог да ве благослови, бидејќи ние сите сме еднакви, сите сме Гостиварци, рече Таравари по средбата со младите.