Во Охрид се одржува голема НАТО вежба „Северна Македонија 2021“

Организираниот криминал, нелегалната миграција, компјутерскиот криминал и сајбер нападите, лажните вести и пандемијата со Ковид-19 се комплексни предизвици за чие откривање, спречување, е неопходен современ регионален пристап и заедничка стратегија за делување.

Тоа меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето пред учесниците на вежбата „Северна Македонија 2021“ што во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК) од денеска и наредните четири дена ќе се одржува на подрачјето на Охрид и Струга.

Според Спасовски, цивилната подготвеност и одржувањето на континуитетот на функционирање на институциите при справување со кризни и сложени безбедносни состојби е од крицијално значење и основна обврска на членките на НАТО – Алијансата при градењето отпорност кон сите закани и предизвици.

Тој посочи на заедничките евроатлантски вредности – јакнењето на единството и соилидарноста како темел и суштински двигател на меѓусебното приближување на државите од регионот.

– Оттука се очекува сите ние посветено да се сосредоточиме кон заедничките вредности и цели, насочени кон превенирање на конфликтите, одржување на мирот и стабилноста, вледеење на правото и почитување на меѓународното право. Тоа подразбира заштита на човековите права и слободи и мирно решавање на сите спорови и недоразбирања, бидејќи само така можеме да обезбедиме гаранција за просперитет, одржливост и стабилност на државите. Република Северна Македонија покажа на дело дека посветеноста кон заедничките вредности не само што е можна и посакувана, туку е и единствено прифатливо решение за современите предизвици, рече тој.

Согласно сценариото на вежбата, ќе се реализирааат активности што третираат повеќе области како елементарна природна непогода, организиран криминал, нелегална миграција, спасување и укажување помош на граѓани, што претставува одлична основа за развивање капацитети и способности за градење регионален пристап и стратегии со цел соодветно спротивставување, сузбивање на криминалните дејствија и преземање конкретни мерки на дејствување.

Спасовски изрази уверување дека со дигитализацијата на Системот за управување со кризи во Република Северна Македонија со примена на веб-базираната алатка NICS (Next Generation incident Command System) ќе се придонесе за унапредување на комуникацијата и координацијата меѓу субјектите во рамки на системот.

Помошникот Генерален секретар за операции на НАТО, Џон Манза, истакна дека членството на Северна Македонија во НАТО носи обврски, но дава и можности, преку вакви обуки и тренинзи да се увежбува отпорноста и способноста за справувањето со предизвиците било да се предизвикани од природни непогоди или од човечки фактор.

– Оваа 19-та вежба е доказ за нашата отпорност. На неа ќе бидат третирани реалистични сценарија, како добра можност да демонстрација на интероперабилност во решавање заедничките проблеми. Преку заедничкиот команден систем ќе ги координираме активностите, ќе ги зајакнуваме вештините, но и ќе градиме пријателства што на овие активности и даваат уште подлабока димензија, рече меѓу другото Манза.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, од своја страна истакна дека придобивка е што членството во НАТО дава можност за збогатување на знаењата и продлабочување на искуствата што, како што посочи, „да се учи и тренира под знамето на НАТО значи да се биде дел од интегриран и високо-обучен систем на чија поддршка може да се смета во екое време и во екоја ситуација“.

– Вклученоста во оваа НАТО вежба претстаува привилегија за сите учесници, бидејќи претставува одлична можност да се прижи поддршка на националните власти со цел зајакнување на нашите капацитети преку подобрување на готовноста при природни катастрофи предизвикани од човек. Тоа вклучува подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, односно зацврстување на националниот одговор при итни ситуации, рече Ангелов.

Сценариото на вежбата разработува активности за справување со последиците од катастрофален земјотрес што би го зафатил Охридско-струшкиот регион и начинот на искористувањето на расположивите ресурси за одговор, како и помош од партнерите од НАТО во услови кога се исцрпени сите постоечки капациети за справување со кризата.

На вежбата ќе учествуваат речиси 700 претставници од 28 држави членки и парнери на НАТО и неколку меѓународни организации. Вежбата ќе им овозможи на екипите за брза реакција во кризи, но и на планерите и проценителите да разработуваат и увежбуваат активности за потрага и спасување во урбана средина, но и на вода и во планина, потоа вежби на медицински тимови за итни случаи, но и активности на екипи за детекција и идентификација на хемиски, биолошки и радиолошки агенси, како и активности поврзани со дезинформации.

Во рамки на вежбата ќе се организира и дводневен научен ВИП симпозиум со учество на високи претставници на НАТО, на државите-членки на Алијансата, државите-партнери, меѓународни организации и навлединиот сектор.