Пендаровски во Киев имал куси средби со Патријархот Вартоломеј, Кучма, Кличко и Бубка

Претседателот Стево Пандаровски на Фејсбук објави дека на прославата во Киев по повод 30 годишнината од независноста на Украина, имал можност да поразговара со вториот претседател на Украина, Леонид Кучма и со Вселенскиот партијарх Вартоломеј.

-Се сретнав и со две спортски легенди, поранешниот светски боксерски шампион, денес градоначалник на Киев, Виталиј Кличко и Сергеј Бубка, поранешниот светски рекордер во скок со стап, денес, потпретседател на Меѓународната атлетска федерација, напиша шефот на државата.свс/са/