Македонскиот амбасадор Данчо Марковски денеска беше во посета на Корча каде се сретна со Ана Веруши преседателка на Советот на округот Корча.
На средбата присуствуваше и Васил Стерјоски, пратеник во албанскиот Парламент од овој округ и преседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
Соговорниците разговарале околу можностите за меѓурегионалната соработка во области како што се: економија, земјоделство, социјална, здравствство, туризам и култура.
Деновите Марковски оствари средба со градоначалникот на Елбасан, Гледиан Латја, а заедно го посетија и познатиот манастир „Свети Јован Владимир”.
И оваа и денешната посета на Корча се во рамки на програмските активности на Амбасадата на Северна Македонија во Тирана за поттикнување на регионалната и локалната соработка помеѓу двете земји