Македонското друштво „Илинден“-Тирана, огранокот за Голо Брдо и македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упатија честитка по повод Курбан Бајрам.
– Почитувани верници со исламска вероисповед во Република Албанија и во Република Македонија и во целиот свет, од наше и од име на друштвото „Илинден“ честит Курбан Бајрам со желби за добро здравје, благосостојба во сечиј дом, многу лични успеси и бериќетна година. Во духот на празникот, споделете ја среќата и радоста со сите оние на кои им недостасува, бидејќи тоа е една од најголемите хумани вредности. Светлината на овој празник нека израдува секого, стои во честитката од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај и на огранокот, Или Халилај.
Честитка по повод големиот исламски празник Курбан Бајрам упати Васил Стерјовски, лидер на единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ.
-Драги верници од исламска вероисповед, од мое лично име и од име на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам, кој претставува симбол на солидарноста и Ви посакувам здравје, љубов, среќа и хармонија во вашите семејства. Ви посакувам празничките денови да ги поминете во добро расположение, покажувајќи ја солидарноста, меѓусебното помаѓање и почитување што се вредности на овој празник, стои меѓу другото во честитката.