Во ова продолжение се претставени Пензионерскиот клуб, Црковната библиотека, Социјално-спомагателната секција, Играорната група „Солунски бисери“, Драмската секција, Македонскиот шаховски клуб, изданијата „Духовна искра“ (1968-1970) и „Климентов збор“ (1972-1988), како делови на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто, кои се презентирани во книгата „Македонски вознес”
Инаку, делото „Македонски вознес”, чиј автори се Славе Николовски-Катин и Фиданка Танаскова е едно од значајните изданија на Македонската православна црлва „Свети Климент Охридски“, од Торонто, кое е отпечатено во 1994 година, на 232 страници, на македонски и англиски јазик. Монографијата е исполнета со интервјуа, писма, документи заедно со статии од весници, списанија, публикации и други материјали. Таа е исполнета со информации, фотографии, документи и другите пишани материјали од управите на црквата „Свети Климент Охридски“.
Особен придонес за монографијата беше помошта со материјали на тогашниот претседател, г-дин Никола Стојановски, кој ја започна идејата за објавувањето на ова дело. Исто така голем е придонесот и на другите членови на управите на црквата, особено на женската секција, другите групи и голем број Македонци од Торонто, Потоа за одбележување е тоа што членовите на управите на црквата за годината 1993/94 имаа разбирање да се финансира објавувањето на монографијата.
Исто така, треба да се потенцира придонесот на многу други добронамерници и пријателите на Македонците во Торонто. Нивниот ентузијазам и поддршка придонесоа многу за иднината на црквата „Св. Климент Охридски“ и на Македонската православна црква во целина. На тој начин тие придонесуваат за благосостојбата на Македонците во новата средина во демократска Канада, како и на земјата на нивните предци, етничка Македонија.
За делото „Македонски вознес”, се организираше промоција во Соборната црква на Американско-канадската македонска православна епархија „Свети Климент Охридски“ во Торонто на патрониот ден на црквата, а на која зборуваше митрополитот г. Кирил. Исто така, ова дело беше промовирано и во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, од г.г. Михаил и проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, кои истакнаа дека делото претставува значајна алка во синџирот на Светиклиментовата традиција во светот и во Македонија.
На овој настан, во Гласникот на Институтот за национална историја се осврнува и историчарот д-р Александар Трајановски, кој ова дело на читателите им го препорачува како реликвиум, кој претставува нов придонес во македонската црковно-национална историографија.
Свечена промоција оваа монографија доживува и во Струмица, каде што за неа во Домот на културата зборуваа професорите д-р Вера Стојчевска Антиќ и д-р Димитар Керамичиев, во својство на претседател на Матицата на иселениците од Македонија.
ПЕНЗИОНЕРСКИ КЛУБ
Најстарите Македонци и на многу почитувани членови, активисти и пријатели, оние што придонесоа и што дадоа многу време, пари и труд, тие што неуморно работеа во црквата и во секциите, а и оние кои што се само пензионери – Македонци, во знак на почит и благодарност широко им се отворени вратите на црквата “Св. Климент Охридски”.
Така, во рамките на црквата со успех работи Пензионерскиот клуб “Гоце Делчев” во една од салите, од понеделник до петок од девет часот наутро до пет часот попладне, пензионерите доаѓаат во сапата у другаруваат. Клубот е прилика да се оживуваат спомените од минатото, да се раскажуваат сеќавањата за стариот крај или да се гледаат филмови и телевизија, да се слуша музика и да се има лаф-муабет колку што им е волја.
СекоЈ четврток пензионерите организираат заеднички македонски ручек, а во салата може да се добие кафе, чај, бира и друго.
Во Пензионерскиот дом „Тоце Делчев” членуваат голем број Македонци од сите делови на Македонија, кои навистина се трудат, да создадат услови и амбиент за една посреќна и подолга иднина. Тогашниот претседател на Управата на клубот беше Борис Гудановски, потпретседател беше Митре Босеовски, секретар беше Круме Јоцковски, благајник беше Стојан Пандовски, а негов заменик беше Јордан Кочовски.
ЦРКОВНА БИБЛИОТЕКА
Библиотеката во црквата “Св. Климент Охридски” е отворена во 1974 година од тогашниот претседател на Матицата на иселениците од Македонија, Живко Василевски. Таа содржи повеќе илјади книги – подарок од бројни институции од Македонија.
За сите оние Македонци што ја сакаат книгата и убавиот мајчин македонски јазик, за нив се отворени вратите на библиотеката. Во ова вистинско богатство од најразлични книги може да се ужива и седејќи во читалната, па така оние што имаат желба да читаат, да научат и да се запознаат со националната и со црковната историја на својот народ и на својата земја Македонија, која е толку богата и разновидна, имаат одлична можност за тоа.
Читателите можат да се запознаат со македонскиот литературен јазик со современата македонска литература и со се она што беше и е минато и сегашност на нашата татковина Македонија.
СОЦИЈАЛНО – СПОМАГАТЕЛНА СЕКЦИЈА
Една од значајните секции во црквата “Св. Климент Охридски” е и Социјално-спомагателната секција. Во неа членуваат поголем број македонски иселеници кои прават добрини на оние на кои што хуманоста и помошта им е неопходна.
Оваа секција има организирано бројни хуманитарни акции, меѓу кои, помош на граѓани во македонската заедница и од Република Македонија. Оваа секција има значајно место во целина во хуманитарните активности во македонската колонија во Торонто.
ИГРАОРНАТА ГРУПА „СОЛУНСКИ БИСЕРИ“
Bo 1992 година, како млада група при “Св. Климент Охридски” се формира играорната група “Солунски бисери”. Чувствувајќи ги потребите, Црковната управа донесе решение во нејзиниот состав да постојат две играорни групи: “Македонка” и “Солунски бисери”, се’ со цел да ги задоволуваат потребите и барањата на бројните играорци за збогатување на овој вид македонска уметност.
Новоформираната група беше под раководството на уметничката рака на кореографот Зоран Зафировски, а во неа членуваа околу двесте млади Канаѓани од македонско потекло.
Играорната група “Солунски бисери” првиот настап го имаа за време на прославата на патрониот празник на црквата “Свети Климент Охридски”. Уште од почетокот членовите на групата започнаа со љубов да го негуваат македонскиот фолклор и да го афирмираат со векови чуваното културно богатство на македонскиот народ, a тоа е нашироко познатото македонско оро и песна.
ДРАМСКА СЕКЦИЈА
Своето десетгодишно постоење драмската секција го одбележа на 4 февруари 1994 година и навистина таа е една од значајните секции што работат во рамките на црквата “Св. Климент Охридски”. Досега, покрај претставувањето во црквата, настапила на Онтарискиот фестивал, во Конвеншн центарот, во Рој Томсон Хол, a no повод 125-годишнината на Канада, ги претставуваше македонските доселеници во Отава.
Во период од десет години оваа секција има изведено поголем број театарски претстави, меѓу кои: “Чорбаџи Теодос”, “Свадба”, “Балканско кафе”, “Патот во татковината”, “Мајка”, “Духот на слободата”, во режија на Бранко Ставрев и други.
Членови на Драмската секција беа: Тања Ѓорѓевиќ, Ташко и Даница Кубановски, Ратка Лозановска, Блага Мангова, Благица Дафовска, Марика Танасовска, Фана Плетерска, Тони Марковски, Соња Димевска, Митре Чачевски, Фана Шомова, Белинда Гаџевска, Никола Белчевски и други.
МАКЕДОНСКИ ШАХОВСКИ КЛУБ
Шаховскиот клуб при МПЦ “Свети Климент Охридски” повеќе години на најверодостоен начин ја афирмира оваа древна игра, благодарение на бројните членови, вљубеници во шахот, како и на тогашниот претседател Томе Божиновски и на благајникот и организатор на ова друштво, Рашо Мојсовски.
Македонскиот шаховски клуб, кој е отворен од септември до мај секој понеделник од седум часот навечер, започна да работи есента 1986 година, а го формира група ентузијасти. Во текот на овие осум години клубот се натпреварува со поголем број канадски шаховски друштва, меѓу кои: литванското, естонското и со шаховскиот клуб на Вест Хил.
Неколку членови на клубот редовно се натпреваруваа на поважните турнири во Онтарио, на кои постигнуваат завидни резултати. За одбележување се последните 12 месеци кога од клубот 14 шахисти станаа нови членови на Шаховската федерација на Канада.
Во текот на изминатиот период во просториите на црквата се одржале бројни турнири, а првпат во македонската заедница беше одржан шаховски фестивал, на кој учествуваа 242 шахисти од Онтарио, како и гости – шахисти од Република Македонија
СПИСАНИЕТО „ДУХОВНА ИСКРА“ (1968-1970)
„Духовна искра” е едно од првите списанија меѓу иселеништвото што се печатеше на литературен македонски јазик. Првиот број се појави во февруари 1968 година, на дваесет страници, а како орган на првата Македонска православна црква во Канада – “Св. Климент Охридски” од Торонто.
Излезе на македонски јазик со кирилица, а има текстови и на англиски јазик. Уредници се Ристо Кочовски и свештеникот Атанас Попов, а им помагаа X. Димов, X. Божанин, Ф. Ангелковски, С. Николовски-Катин и други. На насловната страница под името на весникот е ставена фотографија на црквата “Св. Климент Охридски”.
Во воведната статија на првиот број на “Духовна искра” се вели: “По повод искажаните усни и писмени желби од многу наши сонародници во Канада, САД, Полска, Романија, Чехословачка, Германија, Австралија, Белгија, Франција и други, за да бидат информирани за нашиот црковен живот, ние ја поздравуваме нивната иницијатива со овој периодичен лист “Духовна искра”… Co ова покажуваме и почит кон нашата автокефална црква и кон прославата на 65-годишнината од Илинденското востание.
Целта на “Духовна искра” е да ја запознае македонската емиграција со црковните собитија со здравствено-моралните поуки, катихизисот за мали и големи, со информации од животот на црковната општина “Св. Климент Охридски” во Торонто и друго”.
Во продолжение е објавена фотографија од поглаварот на МПЦ архиепископот Охридски и Македонски г. Доситеј и Посланието што тој им го испрати на сето православно свештенство, на преподобното монаштво и на верниците. Потоа е дадена фотографија и одлуката од 10 10.1967 година, за изборот на г. Кирил за архиереј на Американско-канадско-австралиско-македонската епархија, како и опширен текст за историско-канонското право на автокефалноста на Македонската православна црква.
Вториот број на списанието се појави во мај 1968 година и е посветен на празникот Велигден, a no тој повод е и текстот од Светото писмо, текстови од прославата на овој црковен празник и текст за македонската наука. Во продолжение следат информации за активностите на македонското училиште, за прославата на Илинден во 1968 година, како и список на дарители.
Посебен простор е посветен на одговорот на Српската црква, a ce објавени и други информации од секојдневното живеење на македонските доселеници во таа колонија.
Bo октомври 1969 година, е отпечатен петтиот број на списанието “Духовна искра”, во обем од 28 страници. Во него се дадени повеќе текстови и фотографии, меѓу кои, за надлежниот архиереј г. Кирил и за неговиот пречек во Торонто. Потоа следи опширен текст no повод востоличувањето на митрополитот Кирил за надлежен архиереј на таа епархија, извршено во “Св. Климент Охридски” во Торонто од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Методиј, во сослужение на бројни македонски свештеници.
Во октомври 1970 година е отпечатен последниот број кој е посветен на Првото епархиско собрание на Американско-канадско-австралиската епархија, што се одржа во “Св. Климент Охридски” во Торонто на 4 октомври 1969 година, а на кое учествуваа голем број делегати на македонските црковни општини во Канада и во САД.
„КЛИМЕНТОВ ЗБОР“ (1972-1988)
,Гласилото „Климентов збор”, орган на Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, всушност е, продолжение на списанието “Духовна искра”, што почна да излегува во 1968 година. Првиот број се однесува на периодот јануари-јуни 1972 година и е печатен на 48 страници, на македонски јазик со кирилица, а куса содржина на текстовите е дадена на англиски јазик. Главен и одговорен уредник е протоереј Михаил Теохарев, а технички уредник Васко Јанковски.
На насловната страница, покрај името на весникот, дадена е и фотографијата на МПЦ “Св. Климент Охридски” во Торонто. Потоа следи образложението на Редакцијата на “Климентов збор”, за печатењето на весникот. Се нагласува: “Почнувајќи од овој број, прв по долгиот прекин на излегувањето на “Духовна искра”, редакцискиот одбор ќе се погрижи да го изнесе вероучението на православната црква, која за нас Македонците има специфична важност, па е потребно да го познаваме учењето на верата, која не зачувала како Македонци.
Инаку, списанието се предвидува да биде посветено и на активностите во македоиските православни цркви, да донесува научно-популарни теми за Македонската православна црква и за македонската национална историја и за други црковни обредни настапи во македонските духовни храмови во Канада и во САД. Се планира списанието “Климентов збор”да излегува тримесечно, а да биде со богати содржини, илустрирани со фотографии”.
Бројот 2 од 1975 година е отпечатеи на 48 страници со текстови за верска поука, за Илинден, за претстојниот Црковен народен собир, за Митровден, за Фудбалскиот клуб “Битола” и со други материјали од животот на Македонците во Канада и во САД. Посебен простор од шест страници им е посветен на извршените крштевки, на венчавките, дарувањата, опелите и закопите.
Неколку години подоцна Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто, повторно почна да го печати “Климентов збор”. Бројот за ноември-декември 1985 година, отпечатен на македонски јазик со кирилица, а и со текстови на англиски јазик, го подготвија свештениците Илче Миовски и Јован Босеовски. Овој билтен му е посветен на Христовото раѓање и во него се објавени текстови од религијата, од активноста на Црквата, со посебна нагласка на годишното членско собрание и на изборот на управата, како и за одбележувањето на патрониот празник на црквата “Свети Климент Охридски”.
Во април 1986 година одново се појави еден број, во кој освен текстовите со религиозен карактер, објавен е и опширен материјал за активностите во МПЦ “Св. Климент Охридски”, оние што ги врши Женската секција, и текст по повод 114-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Во овој број се дадени иголем број рекламни материјали од деловни луѓе.
Во март 1988 година е подготвено издание посветено на велигденските празници. Од материјалите, објавени во него, треба да се истакнат текстовите што се однесуваат на активностите на македонските православни црковни општини “Св. Климент Охридски” и “Св. Илија” во Торонто, како и текстот на англиски јазик под наслов “Најславното утро”. И овој број обилува со бројни рекламно-пропагандни материјали на деловни луѓе од Торонто.
Крај
Пишува: СЛАВЕ КАТИН