И пратениците на ДОМ и ЛДП ја прифаќаат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Пратениците од ДОМ и ЛДП ќе ја прифатат резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Ова тие го потврдија во изјава за медиумите по средбата со нивните колеги од опозициската партија Антонио Милошоски и Тимчо Муцунски.

-Текстот на драфт-резолуцијата генерално за нас е прифатлив. Секако останува овој текст отворен за дополнување, корекции, се разбира треба да се усогласи со уставниото име на државата, изјави пратеничката Маја Морачанин од ДОМ. Нејзини очекувања се дека за еден ваков документ би требало да има широк консензус, потсетувајќи дека и политичките партии и граѓаните имаат ист став за идентитетските прашања.

Овој став го дели и пратеничката од ЛДП Моника Зајкова.

-Ни беше презентиран истиот текст што вчера беше споделен со медиумите. За нас драфт – резолуцијата е прифатлива, имавме забелешки само во делот каде што треба да се усогласи уставното име. Собранието треба да биде обединето околу ова прашање, изјави пратеничката Зајкова.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *