Јуратовиќ: Преговорите со ЕУ да почнат, спорот да го решава арбитражна комисија

По повтореното вето од Бугарија за пристапните преговори со ЕУ, пратеникот во германскиот Бундестаг од Социјалдемократска партија и водач на пратеничката група за Западен Балкан, порачува С Македонија да не се откажува од реформите, затоа што преговорите кога тогаш ќе почнат. Освен во Бугарија, политички сили кои се против проширувањето има во секоја земја од ЕУ,  но на потег е Европскиот парламент со проширена одговорност, вели Јуратовиќ во разговор за ТВ Клан Македонија. Тој се залага за поединечно пристапување во Унијата, а не во пакети како што се сега Албанија и Македонија, сугерира за време на словенечкото претседавање со Унијата, преговорите да почнат, а спорот меѓу Софија и Скопје да го решева арбитражна комисија.

– Треба да се бара решение, штотуку разговарав со колегите од Словенија, бидејќи земјата го презема претседавањето со ЕУ, да се понуди некое решение – на пример да се отворат претпристапните преговори, а недоразбирањата меѓу Бугарија и Северна Македонија да ги одработи некоја стручна арбитражна комисија. Таков беше случајот со Словенија и Хрватска по прашањето за границата, кој како што гледате позитивно се реши. Такво нешто треба да се понуди за решавање на проблемот меѓу Бугарија и Македонија за да и се отвори патот на Македонија. На крајот на краиштата Македонија со претпристапните преговори не се зачленува во ЕУ, туку оди по пат на зачленување, изјави Јуратовиќ

Во спротивно, тој смета дека со ветото поради овој билатерален спор на некој начин се казнуваат проевропските влади на Западен Балкан и им се даваат аргументи на националистите.

– Јас самиот реков дека е апсолутно неприфатливо во Европа, вака како што е поставена и како што функционира, една партија од десничарски тип да може да ја блокира целата иднина на понатамошниот развој на ЕУ. На тој начин излегува дека таа Европа веќе не е вредна за „хартиите на кои е напишана“ и затоа мора под итно демократските сили во ЕУ да ја покажат јасно својата позиција – на чија страна сме и во која насока оди  Унијата. Дали оди во насока на правење консензус на најниското политичко ниво, на нивото на Виктор Орбан, или пак сакаме да градиме Европа заснована на демократски вредности и човекови права, истакнува германскиот парламентарец.

Во интервјуto за ТВ Клан Македонија, Јуратовиќ признава дека освен Бугарија, има и други сили кај поедини земји членки на ЕУ кои се против проширувањет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *