Во Прилеп традиционален марш по повод Февруарскиот поход

По повод 74-годишнината од Февруарски поход, oпштинската организација на Сојузот на борците на Прилеп во соработка со локалната самоуправа го организира традиционалниот марш по врвиците на овој поход. Ова го договорија претставниците на Сојузот на борците со градоначалникот Илија Јованоски на денешната средба што се одржа во неговиот кабинет.

Маршот ќе биде в недела, на 4 март на релацијата од Меморијалниот музеј „11.Октомври“, преку месностите: Шаторов камен, Петрови ниви, Камената фигура „Момата“ , кон „Домаќински чешми“ па до манастирот „Св.Димитрија“ во селото Селце.

На маршот ќе учествуваат членови од планинарските друштва од Прилеп и гости од другите градови во државава.

Организаторите, прилепскиот Сојуз на борци и локалната самоуправа, ги покануваат граѓаните да учествуваат на маршот.