Министерот за правда Бојан Маричиќ попладнево патува во дводневна работна посета на Хрватска, соопштија од Минстерство за правда.
За време на престојот предвидено е да има билатерална средба со својот домаќин хрватскиот министер за правда и администрација Иван Маленица. Двајцата министри ќе разговараат за продлабочување на меѓусебната соработка во областа правда, како и пренесувања на искуствата на Хрватска во однос на водењето претпристапни преговори за членство во ЕУ.
За време на престојот во Загреб, предвидено е министерот Маричиќ да ја посети хрватската Академија за обука на судии и обвинители, а ќе има и работни состаноци со повеќе претставници на хрватската Влада.