Премиерот Заев утре во посета на Софија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата, Никола Димитров и од министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе оствари работна посета на Софија.

Целта на посетата, како што информираат од владината прес-служба, е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и за деблокада на европската интеграција на Северна Македонија.

Премиерот и владината делегација ќе остварат работни средби со претседателот на Бугарија Румен Радев, со премиерот на Бугарија Стефан Јанев, како и со претставници на поголемите политички партии во Република Бугарија.