Премиерот Заев на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска ќе оствари еднодневна работна посета на Албанија.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев ќе учествува на Самитот на земјите од Западен Балкан, со кој ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и премиерите на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ и на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.

Заев и Рама на маргините на Самитот ќе го потпишат Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија.

Како што се наведува во соопштението, премиерот Заев попладнето свечено ќе го отвори Културниот центар на Република Северна Македонија во Тирана.