Премиерот Зоран Заев денеска ќе се сртене со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Алехандро Алваргонзалес и Мачеј Поповски, заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, кои ќе престојуваат во дводневна посета на Република Македонија.
Како што соопшти владината прес-служба, посетата на двајцата високи функционери на НАТО и на ЕУ е од особена важност за препознавањето на домашните реформски процеси што ги спроведува актуелната Влада за интеграција на Република Македонија во Алијансата и отпочнување на преговорите со ЕУ.
За време на посетата амбасадорот Алваргонзалес и Поповски ќе се сретнат и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со вицепремирите и министери за одбрана и за внатрешни работи Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски и министерот за правда Билен Саљији.
Високите претставници на НАТО и ЕК утре ќе се сретнат и со претставници на граѓански здруженија во ЕУ Инфо центарот на Делегацијата на ЕУ во Скопје.