Отстранувањето на споменикот на Александар Велики од скопскиот аеродром вест и во Грција

Од доцна синоќа дел од грчките медиуми, започнаа да ја објавуваат веста за отстранувањето на споменикот на Александар Велики од скопскиот аеродром. Информацијата ја дополнија со фотографии и видео од македонските медиуми. Од рано утрово, пак, текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА ја презедоа сите онлајн изданија на медиумите, јави дописникот на МИА од Атина.

„Отстранет споменикот на Александар Велики од аеродромот во Скопје“ е насловот на веста на АНА-МПА.

„Споменикот на Александар Велики со висина од 1,5 метар, што се наоѓаше во салата за пристигнувања, беше поставен во 2011 како донација од турската компанија ТАВ, која од 2010 година го води аеродромот во главниот град на ПЈРМ„, пишува грчката новинска агенција

Грчките медиуми, во текстовите потсетуваат дека со владина одлука скопскиот аеродром од „Александар Велики“ беше преименуван во „Меѓународен аеродром Скопје“, а минатата седмица, беше отстранети буквите од старото име.