Бочварски: Потпишан договорот за изградба на брана „Отиња” во Штип

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпиша договорот за изградба на насипната брана со придружни објекти „Отиња” во Штип.

Како што информира Министерството за транспорт и врски, инвестициската вредност на проектот е 306 милиони денари. Средствата се обезбедени од Буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Рокот предвиден за изведба согласно договорите е 30 месеци. Со овој проект е предвидено да се изведе камено земјена брана со централно глинено јадро со висина од 33 метри.

-Особено сум горд на овој проект, бидејки со децении и децении беше најавуван, но денеска официјално ја означуваме неговата реализација. Би сакал да потенцирам дека, претходно и како градоначалник на општина Штип, со тимот од општината, со државните институции, професори, инженери и проектанти, вложивме огромен труд и работа за овој проект да биде реална инвестиција.  Денеска, Министерството за транспорт и врски ги потпиша договорите за изведба и надзор. Средствата се обезбедени од  Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2021, 2022 и 2023 година, рече Бочварски.

Тој додаде дека е особено сум горд на овој проект, бидејќи со него нови можности за развој на регионот.