Како подготовка за Самитот на Обединетите нации за системите за храна кој ќе се одржи во септември 2021 година, денеска онлајн ќе се одржи Регионален дијалог за прашањата на политиките и управувањето за трансформација на системите за храна во Европа и Централна Азија.
Од ФАО информираат дека регионалниот дијалог е свикан за да се дискутираат клучните прашања за политиките во врска со одржливите системи за храна, со фокус на потребата за силно управување и холистички пристап за градење правични системи за храна за подобрена егзистенција и исхрана на најранливите, како и потребата за производство и системи за храна отпорни на климатските промени.
Настанот ќе се емитува во живо на каналот на ФАО на YouTube и како што соопштуваат организаторите на регионалниот дијалог ќе се обратат: Ку Донгју, генерален директор на ФАО, Владимир Рахманин, помошник генерален директор и Регионален претставник, ФАО, Агнес Калибата, специјален пратеник на Самитот на ООН за системи за храна, Дмитриј Маријасин, заменик извршен секретар, УНЕЦЕ, Џесика Фанцо, почесен професор на Блумберг, Универзитет Џон Хопкинс и Дејвид Купер, заменик извршен секретар, Конвенција на ОН за биолошка разновидност
Настанот е во организација на Коалицијата на ООН за одржливи системи на храна за Европа и Централна Азија, чии членови се: FAO, WFP, WHO, UNICEF, UNECE, WMO, UNDP, IFAD.