Битиќи од Приштина: Да создаваме економски политики за поголема соработка и подобра конкурентност на Западен Балкан

Исклучително важно е владите на земјите од Западен Балкан да креираат кохерентни и конзистентни политики со кои ќе се зголемува конкурентноста на регионот, наместо конкуренција помеѓу земјите, при што ќе се унапредува меѓусебната економска соработка, во насока на подобрување на условите за живот и создавање на повисок животен стандард за сите граѓани во која и од земјите да живеат, порача вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи од Косово.

Тој, како што информираат од неговиот Кабинет, еднодневната работна посета во Република Косово ја започна со средба со министерката за трговија, претприемништво и индустрија Розета Хајдари, со која разговараа за економската соработка помеѓу двете земји

-Преку „Берлинскиот процес“, кој се реализира со поддршка од влијателни земји-членки на ЕУ, направени се сериозни чекори со кои се унапредува дијалогот помеѓу владите, но и претставниците на бизнис заедницата и се започнати сериозни реформи кои ќе ги доближат сите земји од Западен Балкан до членството во Европската Унија, рече Битиќи.

Економската соработка како две соседни и пријателски земји, има сериозен потенцијал да се продлабочува уште повеќе, заклучија на меѓусебната средба вицепремиерот Битиќи и министерката Хајдари и посочија дека за поздравување е податокот дека трговската размена во првите три месеци од 2021 бележи пораст од 30 отсто.

Министерката Хајдари и вицепремиерот Битиќи се заложија да продолжат со заедничките ангажмани за да ја унапредуваат економската соработка помеѓу двете земји, но и да работат на подигнување на конкурентноста на регионот во интерес на сите граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *