Амбасадорката Брнз и генерал Ѓурчиновски на „Trojan Footprint 21“ на Криволак

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД во Скопје, Мери Брнз, денеска на армискиот полигон „Криволак“ ќе проследат дел од завршните активности на вежбата „Trojan Footprint 21“ во која учествуваат специјалните сили на армиите на Република Северна Македонија и на САД.

На денешните активности припадници од баталјонот за специјални сили и специјалните сили од Армијата на САД за Европа ќе изведат постапки и вежбовни активности кои ќе ја прикажат интероперабилноста на НАТО сојузниците при изведување на специјални операции.

Вежбата „Trojan Footprint 21“ се изведува од 4 до 14 мај на територијата на Република Северна Македонија, Романија, Бугарија, Црна Гора и Грузија, а во издвоените активности учествуваат 10 НАТО и партнерски нации.

Вежбата е дел од големата вежба на НАТО „Defender Europe 21“ чии активности се изведуваат во 16 земји на Европа, а во состав на која вежба ќе биде и вежбата „Одлучен Удар 21“ која ќе сеизведува на армискиот полигон „Криволак“ од 17 мај до 2 јуни.