Перспективите за унапредување на деловната соработка меѓу Кралството Саудиска Арабија и Република Македонија ќе биде тема на денешната работна средба на д елегацијата од Саудиска Арабија со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
Делегацијата од Саудиска Арабија ќе биде предводена од почесниот конзул на Македонија во Џеда, Абдулах Ал Наваисер, а на средбата покрај Азески ќе присуствуваат и неговите соработници и претставници на компании – членки на Комората.
Во делегацијата од Саудиска Арабија ќе бидат бизнисмени од повеќе дејности – инженеринг и производство, градежништво, финансиски услуги, енергетика, недвижен имот, текстилна индустрија, автомобилска индустрија и хотелиерство.