Со слогани за „Демократска Македонија“ денеска во оранизација на неколку патриотски здруженија се одржа протест за ослободување на осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година.
Учесниците на протестот насловен како „Слобода на уставобранителите“ се движеа од пред Владата до Собранието, а побараа да се поништи судењето со кое беа осудени учесниците во упадот на Собранието на 27 април 2017 година и да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со локалните.
– Бараме Врховниот суд на Македонија да ги поништи пресудите против сите за настаните од Собранието на Македонија на 27 април 2017 година и да го обнови судењето поради дополнителни докази за лажни изјави на сведоци и селективен избор на докази и сведоци против обвинетите, побара оперскиот пејач Игор Дурловски во името на организаторите.
За настаните во Собранието на 27 април 2017 година вкупно за 16 осудени беа доделени 188 години затвор.Оперскиот пејач Игор Дурловски е единствениот кој доби ослободителна пресуда во големиот судски процес за насилствата од 27 април.