Бошкоски: Очекувам конечно да профункционира правната држава и сите да ги стигне правдата

Љубе Бошкоски очекува да профункционира правната држава, дека  судот во случајот „Тортура“ ќе одлучи по доказите со кои располага, а правдата да ги стигне сите кои го прекршиле законот.

– Мислам дека конечно ќе профункционира правната држава и дека сите ќе ги стигне правдата. Ова судење ќе биде една порака како не треба во иднина да се применува законот. Мислам дека судот ќе одлучи по доказите со кои располага и дека правдата ќе ги стигне сите кои се огрешиле по законот, изјави Бошкоски по денешното одолжување на судењето за „Тортура“ во Кривичниот суд.

За тоа дали очекува на суд да се појави поранешниот шеф УБК Сашо Мијалков, Бошкоски рече дека доколку судот одлучи дека тој треба да се појави сигурно ќе дојде.

– Цела македонска и светска јавност слушна во каков тотатилатерен режим живееше Република Македонија. Не чувствувам некоја специјална потреба за тој лик да го видам на судењето, но доколку судот одлучи дека треба да се појави сигурно ќе се појави, потенцира Бошкоски.

Прашан дали денеска во судот првпат ги гледа припадниците на единицата „Алфи“ кои го апсеа рече дека ги гледа првпат по речиси седум години.

– Истите ликови се. Сега не се толку расположени како тој ден кога ја извршуваа задачата од нивниот наредбодавецот и тогашен шеф на државната безбедност, изјави Бошкоски.

За случајот „Ровер“ посочи дека и таму чека правдата да биде задоволена.

– Се надеваме дека од тој предмет ќе излеземе или со обвинение кое ќе биде повелечно како за другите обвинети во тој предмет или со одлука која ќе биде ослободителна по вреќање на предметот од Апелацискиот суд, изјави Љубе Бошкоски.

Денешното рочиште за „Тортира“ беше одложено за 23 март бидејќи, како што образложи судијката Александра Ристеска, не биле испоплнети условите за почеток на судењето.