Стоилковски: Носењето болни пратеници во Собрание покажува колку не ги почитуваат законите

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски во знак на револт поради денешното носење на пратеници заболени со Ковид-19 вирусот во Собранието на Република Македонија, само поради потребите на власта, прошета во време на полициски час со скафандер, маска и се што денес носеа двајцата болни пратеници од КОВИД 19 од СДСМ, кои напуштија изолациија и ги прекршија протоколите, законите и уставот, за потребите на власта кои немаа врска со петтиот пакет мерки.

Денешното кршење на законите во државата од страна на власта и носењето заболени пратеници на парламентарната седница, покажува колку Зоран Заев и СДСМ не ги почитуваат законите во државата, вели Стоилковски.

Додека граѓаните на Република Македонија почитуваат мерки и седат дома доколку имале контакт со заболено лице или пак самите тие се позитивни на вирусот, СДСМ ги носи пратениците во Собранието за да ги гласаат точките кои ќе му ги откочат бизнисите на Заев.

Очигледно Зоран Заев смета дека извршната власт е нар законодавната, па затоа не го интересира што пишува во законите. За него најважно е да се изгласа законот за марихуана, па макар и по цена на животите на пратениците.

Зарем поважни се бизнисите ма Заев и соработниците од животите на пратениците и нивните семејства?

За лудоста да нема крај, пратеничката узурпирала цел ден болничко возило за да ја развозува до Собранието и назад, а истовремено луѓе молат за болничко возило и за медицинска интервенција.

СДСМ дефинитивно го допре дното. Граѓаните се крајно револтирани поради денешниот чин, а по однос на истиот мора да се произнесе и ЈО, кое доколку не е под канџите на Заев, ќе мора да бара од пратеничката кривична одговорност.

Вака изгледа крајот на хибридниот режим и хунтата на власт.