Команден, контролен, комуникациски и комјутерски центар, иако во различни земји (РС Македонија и Р Грција) меѓусебно поврзани за операции за олеснување при справување со катастрофи

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска (вторник, 30.03.2021) реализираше  значаен настан во Струмица:  во Регионалниот Центар за управување со кризи РЦУК Струмица – конкретизација на ЕУ проект „ХЕЛП“ за прекугранична соработка со Грција од областа на управувањето со кризи, со примопредавање Команден центар и потпишување Договор.  Договорот го потпиша  Стојанче Англелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи,  со првиот човен на давателот на услугата Центарот за развој на југоисточен плански регион (ЈИПР), Жулиета Ѓуркова.

 

Конкретно, прво во Регионалниот Центар за управување со кризи, РЦУК Струмица, беше непосредно  разгледана комуникациската опрема на Командниот центар што го добива Македонија, односно ЦУК. Потоа, во просториите на Центарот за развој на ЈИПР, се потпиша договор и примопредавање за користење на Командниот Центар од прекуграничниот проект „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош“ – „ХЕЛП“ (HELP)  По потпишувањето на Договорот имаше прес-конференција за присутните медиуми.

 

Како и што посочи првиот човенк на ЦУК, Ангелов, во своето искажување, токму со овој прекуграничен проект со Република Грција ќе биде воспоставена мрежа и структура за соработка од областа управување со кризи со цел да го подобри прекуграничниот трансфер на знаење, искуство и експертиза за планирање, организирање и извршување на операции за итни случаи.

 

Стасани сме во фаза на имплементација на клучната цел на проектот ХЕЛП, а тоа  е развивање на два главни контејнери (еден за Грција, еден за нашата земја и еден медицински контејнер) кои ќе бидат наменети за извршување на клучни операции за олеснување при справување со катастрофи. Овие два контејнери коишто претставуваат команден, контролен, комуникациски и комјутерски центар, иако во различни земји ќе бидат меѓусебно поврзани. Истите ќе бидат активирани во случај на потреба со примена на прекуграничните протоколи за комуникација, координација и соработка во Југоисточниот плански регион.

 

Со подобрување на стратешката и оперативната ефикасност на јавната администрација и јавните служби во управувањето со кризни состојби за прашања поврзани со хуманитарните операции меѓу двете земји, ќе се зголеми и оперативната подготвеност во прекуграничната област за ефективна превенција, ублажување и управување со природни катастрофи, ризици и опасности.

 

Согласно програмата на активности е планирано спроведување јавни кампањи за обука на граѓаните во случај на вонредна состојба како и демонстрација на функционалноста на контејнерот пред сите засегнати страни и обука за користење.

 

Дел од очекувани резултати од проектот се: зголемена подготвеност за одговор при итни случаи во прекуграничната област, брзо донесување на одлуки засновани на сигурни информации благодарение на воспоставени механизми за координација и одржани симулациони вежби.

 

Партнери од Р. Грција се: Меѓународен Универзитет од Грција, Сектор за Механички Инженеринг, Министерство за Внатрешни Работи на Грција и Грчки тим за спасување. Партнери од РС.Македонија се Центарот за развој на југоисточен плански регион и  Центарот за управување со кризи.