“Кога светот тонеше во гревови,
кога народот Господов живеејќи во разврат и блуд
отстапи од својот Бог,
Сесилниот и Милостив Бог реши да ги спаси Своите созданија.
Поради тоа на земјата се раѓа Девојка,
Пресвета и Пречиста Дева Марија,
од Која ќе се роди Божјиот Син – Јагнето Божјо,
Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе.
О, Ќерко секогаш девствена,
Која немаше потреба од маж за зачнување,
Зашто Оној Кого Ти во утробата го носеше,
има Свој вечен Отец!
О, Ќерко со потекло од земјата,
а во пазувите Богородителски си го држела Создателот!”
Пресвета и Пречиста Дева Марија, штом го примила во Својата утроба Бога, отишла кај нејзината роднина Елисавета (мајката на свети Јован Крстител). Само што го слушнала нејзиниот поздрав, Младенецот Јован заиграл во нејзината утроба. Сеќавајќи се на таа незаборавна средба, кога Елисавета исполнета со Свет Дух вели дека кај неа дошла Мајката на Господ, со песни ја величаме Богородица како пријатно молитвено кадило, Очистителка на целиот свет, Божјо благоволение кон смртните, смелост на смртните кон Бога, подготвителка на пристаништето за душите која прави да цути рајот на убавините: “Радувај се, Ти си плод бесмртен!…Ти Го роди Човекољубецот; …Ти Го роди Сејачот на нашиот живот! Радувај се, Ниво изобилна и плодородна;… Трпезо на изобилно очистување! За време на Богослужбата се спомнува и стариот праведен Јосиф, кого Ангел Господов го известил дека зачнатото во Дева Марија е од Светиот Дух. Тогаш светиот праведен Јосиф поверувал во ангелското известување и се покајал што погрешно мислел.
Во долгата поетска и пофална композиција на Благодарствената Химна, (втор дел), на оваа творба од песни, се воспеваат и пастирите кои слушајќи од ангелите за Христовото раѓање, отишле кај Него, Го виделе и со радост го воспевале Христовото доаѓање во тело на земјата, Христовото раѓање од утробата на Пречистата и Пресвета Дева Марија, Вечната Дева преку Која светот се облече во слава. Радувај се, Мајко на Јагнето и Пастирот;…Трло на духовните овци!…Заштитнице од невидливите непријатели;…преку Тебе се отворија рајските врати!…с# небеско со земното се радува;…с# земно со небесното ликува! Радувај се, на апостолите Усто непремолчива;…непобедна Смелост на мачениците!…Ти си тврда поткрепа на верата;…на благодатта светло познавање! Во Химната се говори и за мудреците кои ја виделе Богоиспратената Ѕвезда, и водени од нејзиниот блесок, стигнале кај Младенецот Христос – Небесниот Цар, Му се поклониле, Го дарувале и станале проповедници на Бога. Тие Го виделе во рацете на Дева “Оној што со рацете луѓето ги створи”, иако прими образ на слуга, во Него Го познале Господа и славејќи ја Божјата Мајка се вратиле во Вавилон: “Радувај се, Мајко на Ѕвездата што не заоѓа;…Зоро на Божјиот ден!…Ти го изгасна огнот на страстите;…Ти ги просветуваш тајниците на Света Троица!…Ти му ја одзеде власта на нечовечкиот мачител;…Ти го покажа Човекољубецот, Господ Христос!…Ти избавуваш од варварско идолослужение,… Ти ни помагаш да се ослободиме од лоши дела!…Ти н# ослободуваш од пламенот на страстите!…Ти ги учиш верните на целомудрие;… Ти си радост за сите народи! Радувај се, Невесто, Неневестна!”
Во вториот дел на Богородичната Химна се зборува за мудреците кои го изиграле царот Ирод и се вратиле по друг пат во својата земја, во Вавилон. Тие го оставиле празнословецот Ирод како во агонија, кој не знае да Го слави Бога, а насекаде го проповедале Христос и Богородица. Спасителот, блескајќи во Египет со светлоста на вистината, ја отстрани лагата на мракот, а идолите, не поднесувајќи ја Неговата крепост, паднале. Оние што биле избавени & воспевале на Богородица: “Радувај се, на луѓето исправување; Радувај се, на демоните понижување! Радувај се, Ти силата на прелеста ја победи; Радувај се, Ти лагата идолска ја уништи! Радувај се, Море, фараонот духовен што го удави; Радувај се, Камену, жедните за живот што ги напои! Радувај се, огнен Столбу, кој ги води оние во мрак што се; Радувај се, Покрову поширок од облаците! Радувај се, Храно, манната што ја заменуваш; Радувај се, Ти, Која на сладоста света & служиш! Радувај се, Земјо ветена, радувај се, од Која мед и млеко истекува! Радувај се, Невесто Неневестна!”
Во овој дел на Химната кон Богородица се слави и набожниот Св. Симеон Богопримец, кој го држел в раце 40-дневното Богодете Христос и спознал дека е Тој Совршениот Бог: “Кога наближуваше денот Симеон да се пресели од овој лажен век, Те дадоа нему в раце како детенце, но тој Тебе Те позна и како совршен Бог се чудеше на Твојата неискажлива премудрост и пееше: Алилуја! (Славете Го Господа).” И навистина набргу Свети Симеон го напуштил земниот живот и заминал во небесниот свет.
“Богородице, навистина си почесна од секое суштество,
Зашто единствено од Тебе Творецот зеде удел – првината на нашата природа:
Телото Негово од телото Твое е,
И крвта Негова од крвта Твоја е,
И млекото од градите Твои го цицал Бог,
И усните Твои се соединија со усните на Бога.
О, несфатливи и непоимливи работи!
Провидувајќи Те за достојна,
Бог на сиот свет Те засака и засакувајќи Те,
Те предодреди и во последните времиња
Те приведе во битие и Те покажа за Богородица Мајка
И Хранителка на Синот Свој и Логос.”
– Дел од говорот на еден од најголемите беседници во светот,
– Свети Јован Дамаскин
Рождество Христово
Св. Богородица и Св. Праведна Елисавета