Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и помошникот на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања Мара Карлин денеска попладне истовремено во Скопје и во Вашингтон ќе го потпишат новиот Меморандум за соработка во одбраната меѓу двете држави.
На потпишувањето на Меморандумот во Министерството за одбрана ќе присуствува и амбасадорката на САД, Кејт Брнз.
– Новиот Меморандум за соработка ќе го замени постојниот Меморандум потпишан во далечната 1994 година и ќе ја отслика новата и исклучително интензивна одбранбена соработка која постои помеѓу двете земји кои остануваат стратешки партнери, но сега веќе и сојузници во НАТО – Алијансата, велат од Министерството за одбрана.
Оттаму најавуваат дека по потпишувањето на меморандумот ќе биде испратено соопштение до медиумите.