Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со американската амбасадорка Кејт Брнз денеска ќе го посетат армискиот полигон „Криволак“ каде ќе бидат брифирани во врска со претстојните активности за реализацијата на вежбата „Одлучен удар – 21“.
Вежбата „Одлучен удар – 21“ ќе се реализира во периодот од 17.05 – 02.06.2021 година на армискиот пологон „Криволак“ и на неа предвидено е да учествуваат околу 2000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Република Северна Македонија.
До самото започнување на вежбата, од Армијата информираат дека ќе се реализираат повеќе инженериски активности односно уредување на полигонот Криволак кој ќе овозможи беспрекорно реализирање на вежбовните активности.