Во ова продолжение за читателите ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада. Затоа, кora ce зборува или се пишува за овој македонски храм, секогаш се мисли на активностите, задолженијата, обврските, честа и гордоста што им припаѓа на црковните управи.
Овие значајни и законски органи на црквата се избираат секоја година на крајот или во почетокот на годината, a co одобрение на Членското собрание, црковните управи можат да бидат со повеќе мандати
Тоа се извршни црковно-управни тела на оваа значајна институција, кои покрај другото, со полагањето заклетва лред свештеникот, се законски лретставници на црквата, ја водат финансиската и администра-тивната работа, ја чуваат и бранат честа на Македонската православна црква, ги надгледуваат и управуваат со сите културно-просаетни секции и друштва кои работат во состав на црквата. Co еден збор, црковните управи се должни за совесно вршење на доверените волонтерски работи кои во исто време значат афирмација на македонските доселеници.
Меѓу бројните активности во црковните управи, посебно место им припаѓа на претседателите на управите и тоа: Спиро Сандерс – 1962; Коста Ендрјус – 1963-1965; Џеимс (Џими) Џуглов 1966-1967; Ѓорѓи Лукрас 1968; Филип Ангелковски 1969-1970; Симе Гаџовски 1971 – 1972; Тели Мориовче 1973 – 1974; Крис Димов 1975 – 1976; Александар Георгиевски 1977 – 1978; Васил Пандовски 1979 – 1980; Џан Гивенс 1981-1982; Никола Каранфиловски 1983 – 1984; Томе Танасовски 1985 – 1986; Алек Петличков 1987 – 1988; Драги Денковски 1989 – 1990; Никола Стојановски 1991 – 1992 и 1993-1994.
Горенаведените претседатели на Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” од Торонто беа на чело на управите во периодот од формирањето на црквата во 1962 година до 1994 година, како што следи:
- 1. СПИРО САНДЕРС
- 2. КОСТА ЕНДРУС
- 3. ЏЕИМС (ЏИМИ) ЏУГЛОВ
- 4. ЃОРЃИ ЛУКРАС
Почетните иницијативи и активности, а и воопшто историјата на Македонската православна црква “Св. Климент Охридски”од Торонто е тесно врзана со името и делото на познатиот македонски иселеник од егејскиот дел на Македонија г. Спиро Сандерс. Овој патриот и правдољубив човек е една од првите личности кои што ја покренаа иницијативата за формирање и за изградба на македонска црква во Канада и беше избран за прв претседател на црквата “Св. Климент Охридски” од Торонто.
Спиро Сандерс е роден во 1904 година во едно од најголемите села во Беломорска Македонија – Желево, Леринско, од кое најголемиот број жители, а нив, според некои податоци ги има и над пет илјади, свиле гнездо во Торонто. Желевци стасале меѓу првите во Канада. Сандерс презимето го добил од името на неговата баба Сандра, и е најстар од трите деца на Ѓорѓи и Констандина. Уште како дете почнал да работи и да помага кај својот татко кој се занимавал со керамичарство, a помагал и во нивната слаткарница.
Како и што бивало, no обичај, во минатото во многу наши краишта во Македонија да се стапува во брак во раната младост, така и Спиро на 16 години се оженил со Софија Начева, која во брак со него ги родила децата Џим, Крис и Сели. Живееле среќно во селото. Меѓутоа, како и многумина од тие краишта, на разделена Македонија кои тргнаа по светот, барајќи подобра иднина, така и Спиро во 1930 година доаѓа сам во Канада. Во почетокот е обичен работник во ресторан во Торонто, но неговата штедливост и чувство за домаќинска работа придонесуваат подоцна да стане и сопственик на ресторанот.
Долго време испраќал пари до своите во селото, а потоа одлучил да го повлече своето семејство кај него во Канада. Така и направил, од 1938 година живее заедно со сопругата Софија до 1957 година, кога таа се упокои. Потоа стапува во втор брак со Александра Симова, Македонка, која е многу заслужна за организирањето и за давањето поттик на Спиро и на другите иницијатори за изградбата на црквата “Св. Климент Охридски”. Но, Спиро ја губи и Александра, и во 1968 година се сретнува со Стефани Аргирова, no потекло од с. Ошчима, Леринско со која остана до крајот на животот, до 1980 година.
Повреден од односот на бугарскиот владика и свештениците, кои во Македонско-бугарската црква “Св. Кирил и Методиј” во Торонто Македонците ги правеле Бугари, во главата на Спиро постојано му се вртела идејата за градење своја македонска православна црква, во која ќе служат македонски свештеници на мајчин македонски јазик. Затоа Спиро Сандерс, заедно со своите собраќа истомисленици: Ван Петров, Коста Ендрус, Павле Базел, Мајк Нешевич и Спиро Базел – Тупурковски се здружија заедно и со идеи и со пари го формираа Иницијативниот одбор за изградба на првата македонска православна црква во Канада – “Св. Климент Охридски”.
Голема чест и почитување е да се биде прв претседател на Одборот кој ја формира корпорацијата и да се биде прв претседател на црковната општина, а таа чест му припадна на Спиро Сандерс. Тој со успех ја вршеше доверената должност, и до крајот на животот остана силен приврзаник, поборник и чувар на македонската вистина, за што членовите на црквата му возвратија со благодарност и почит.
Меѓу истакнатите иселеници од битолскиот крај е, секако Коста Ендрус. Тој е роден во с. Градешница во 1903 година, токму во виорот на востаничките настани во Македонија. Уште како дете им помагаше на своите родители во земјоделските работи, но, во тоа време на немири и војни животот му бил многу тежок. Уште како младо момче, а такви биле и другите случаи во селото, се оженил со Илинка Терзиева која му ги родила трите деца: Боб, Мара и Бил. Бил е познат и признат адвокат во Торонто.
Тешкиот живот и немаштијата го натерала Коста да го остави семејството во селото, а тој, заедно со една група мажи од битолскиот крај, во 1929 година заминал на печалба. Во 1933 годна, успеал да го повлече семејството во Торонто, но веќе во 1945 година засекогаш ја губи Илинка, која почина во Торонто. Коста Ендрус го напушти овој свет во 1974 година, исто така, во Торонто.
Како и на бројни доселеници во Канада, така и на Коста му беше тежок печалбарскиот живот. Во првичните години и по петнаесет часа работеше во македонските ресторани, а подоцна и тој стана сопственик на еден ресторан, во
кој се одржани безброј средби и состаноци на македонските доселеници. Тој беше човек од идеи и акција.
Уште во виорот на Втората светска војна заедно со група македонски иселеници, го формира Канадско-македонскиот спомагателен комитет, кој имаше за цел да ги снабдува борците во Македонија со лекови и со друга помош. Негова идеја беше формирање на една канадско-македонска асоцијација на сите сопственици на ресторани во Торонто.
Коста Ендрус беше еден од првите иницијатори и организатори за градење на Македонската православна црква “Св. Климент Охридски”, а во 1967 година беше и претседател на црквата. Неговото активно работење во црквата како и мудрото водење на работите во општината се поттик и патоказ за наредните генерации, чии патриотизам и љубов кон Македонија и кон македонскиот народ се големи придобивки.
Еден од првите интелектуалци од македонско потекло во Канада е секако Џеимс (Џим) Џуглов, синот на брачната двојка Вангел и Елена Џуглови. Неговиот татко Вангел потекнува од македонското село В’мбел, што се наоѓа на грчко-албанската граница на 1.300 метри надморска височина, во Беломорска Македноија.
Неговата мајка Елена, пак, е родена во Торонто, а нејзиното потекло е од селото Зелениче, Леринско. Во бракот таа ги роди Џим, ќерките Катерина и Џенет. Судбината се поигра со семе]ството Џуглови: со длабока болка на душата го загубија Џим и Катерина, а Џенет сега живее и работи во Торонто. Таа беше меѓу првите македонски студенти од иселеништвото кои студираа македонски јазик на Универзитетот “Кирил и Методиј”, во Скопје.
Џим Џуглов е роден во 1938 година во Торонто, каде заврши гимназија, а во 1961 година дилломираше на Универзитетот во Торонто и стана славист. Во 1965 година се ожени со Олга – по потекло Шпањолка, но со македонски манири, која го зголеми македонскиот род со четири сина: Андреја, Вангел, Џон и Паул. Џим Џуглов работеше како советник во Одделот за образование на Онтарио, каде што беше многу ценет и како човек и како славист.
Тој беше одличен говорник, другар, патриот и вљубеник во македонскиот јазик, со посебен однос кон леринскиот говор Меѓутоа, во 1978 годниа се случи несреќа: Џим загина на фармата на своите родители, тогаш кога им беше најпотребен на семејството и на македонската заедница.
Bo времето кога Џим Џунглов беше претседтел на црквата “Св. Климент Охридски” беа преземени бројни активности се со цел да се афирмира македонската заедница, а пред се Македонската православна црква. Тој знаеше и умееше да се однесува спрема луѓето во црквата и надвор од неа.
Неговите говори со изливи на патриотски чувства, искажани со силни ораторски способности, останаа во траен спомен кај членовите на црквата кои го познаваат. Тој беше еден од поистакнатите претседатели, кој направи многу црквата “Св. Климент Охридски” да биде ценета ипочитувана од тамошните луѓе и да биде дел од канадскиот духовен, културен и просветен мозаик на Канада.
Живата антологија на народните песни од Костурско е сонародникот Ѓорѓи Лукрас од село В’м6ел. Потекнува од многучлено македонско семејство, какви што во времето на Илинденското востание биле сите македонски семејства, но во кои тлеела и живеела голема македонската мисла, волја, битие и националност.
Роден една година пред да пламне Илинденското востание, во 1902 година, имал можност да биде свидетел на многу средби на македонски револуционери, во татковиот дом, што ја продолжиле борбата за ослободувањето на Македонија по Илинденско востание, задушено во крв и во оган. Некои од војводите лично ги познавал, меѓу кои, Пандо Кљашов, Митре Влавот, Цеко Бакаларов.
Набргу по отслужувањето на воениот рок ја засакал и ја зел за брачен другар првата мома од село Врбник, Мита од надалеку прочуениот македонски род Василевци. Co Мита задомил дом. Добиле две деца: син и ќерка, и бил првиот човек во селото.
Разделбата му падна потешко од се. Емигрира.
Во Канада помина десет години без драгото му семејство. Овде одново беше во македонското национално движење, во кое му беше полесно да се вклучи откако се собра со сопругата и со децата Веќе не беше сам. Имаше помошници и едномисленици.
Годините го направија своето, полека се вклучуваше се поактивно во македонското движење во Канада, кое стануваше се посилно, поизразено и поодредено во Торонто. Тоа стана посебно значајно кога преку дневниот печат и преку радиото се разбра оти во Македонија, во 1958 година дојде до обновување на Охридската архиепископија
Кога во 1959 година се организира “Јунајтед Маседониенс”, беше избран за благајник под претседателството на Џими Сандрес и секретарството на Петре Папаилија Меѓу другото, чичко Џорџ Лукрас има речено дека првите години од постоењето на “Јунајтед Маседониенс” беа “златниот век на македонското национално движење во Канада”.
Ѓорги Лукрас беше избран и за претседател на “Јунајтед Маседониенс”, a no прогласувањето на самостојноста на Македонската православна црква во лицето на обновената Охридска архиепископија, со акламација во 1963 година беше избран за претседател на црковната општина, на која подоцна стана и благајник.
Како претседател учествувал на свеченостите организирани во Републиката по повод педесетгодишнината од Илинденското востание Тогаш одржа слово над гробот на Гоце Делчев, чии остатоци се чуваат во камениот саркофаг во дворот на црквата “Свети Спас” во Скопје.
Луѓето што го следеа неговото животно дело, добрините и хуманоста му ги признаа доделувајќи му од Медицинскиот факултет во Скопје Спомен – диплома како признание за особените заслуги и придонес.
И Македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто не го заборави својот претседател, доделувајќи му Спомен – благодарница за несебичното извршување на задачите, оживотворувањето на уставните цели, чувањето на црковните канони и за ширењето на пријателството меѓу Канаѓаните и Канаѓанките од македонско колено, на прославите одржани на 8 и 10 декември 1972 година.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН