Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при посетата на компанија ФЈ “Инжинеринг” во Тетово, истакна дека власта намерно доцни со вакцинирањето за корона кризата да продолжи што повеќе, а тие да можат да ловат во матно.
-Не само дали се доцни, туку и колку се доцни со вакцинирањето. За жал Македонија е последна држава во Европа која што почнува со вакцинација, со една многу мала скромна бројка која што беше донирана од Србија и треба да знаат граѓаните дека денеска ќе почне имунизацијата и за два-три дена ќе заврши. Затоа што со овие 4 илјади дози ќе се вакцинираат 2000 луѓе и ќе заврши тука работата. А треба да се вакцинира некаде околу 60-70 проценти од населението, доколку сакаме Македонија да се заштити од корона вирусот. До овој момент, да имавме одговорна власт, а ја немаме, требаше Македонија да има откупено 2 милиони вакцини и милион луѓе да се вакцинираат, посочи Николоски.
Тоа е она што би го направила одговорна Влада, но неодговорна Влада го прави ова што го прави, рече Николоски.
-Еве јавно да прашам и да фрлам ракавица до власта, дали причината поради која не набавуваат вакцини е тоа што сакаат кризата да трае што подолго. Затоа што колку подолго трае кризата и овие рестрикции, толку подобро за власта, не може народот да излезе на улици и да протестира против оваа власт и да ја собори. Дали власта намерно не купува вакцини со цел кризата да трае подолго и да можат да ловат во матно, дециден е Николоски.
По денешната средба на Александар Николоски во Тетово, на медиумите за случајот со НАТО сертификатите им одговори дека е скандал министрите да не поседуваат НАТО сертификати, а нивното молчење тоа го потврди.
„Има две работи кои што се факт, прво дека двајцата немаат безбедносен сертификат, за тоа што да имаа ќе презентираа пред јавноста дека имаат безбедносен сертификат. И со самото тоа што двајцата потврдија дека немаат безбедносен сертификат ги потврдија наводите на ВМРО-ДПМНЕ“,појасни Николоски.
Николоски додаде дека во скоро време ќе ги потврдат и наводите кои што ги кажа пред некој ден, а тоа е дали едниот министер нема безбедносен НАТО сертификат заради корупција, а вториот нема безбедносен НАТО сертификат заради соработка со странски служби кои што не се дел од НАТО алијансата. За брзо време ќе излезе и оваа вистина.