Холштајн: Продолжуваат разговорите за старт на преговорите со С Македонија, крајно време е тоа да се случи

Германија и натаму останува посветена на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија, се водат разговори на високо ниво помеѓу германската Влада и сите вклучени страни во тесна соработка со португалското претседателство. Ги охрабруваме Северна Македонија и Бугарија во иднина заеднички да работат на широко позитивно поставување на агенда, која ќе покаже дека соработуваат, а тоа ќе биде најдобриот начин да се направи чекор напред кон одржување на првата конференција за пристапување кон ЕУ, изјави германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн, изразувајќи личен оптимизам и увереност во успех на ваквите активности. 

– Започнувањето на пристапните преговори меѓу ЕУ и Северна Македонија  беше во секторот на проширувањето една од нашите најважни цели во претседавањето на Германија. Ние можевме да дојдеме до спогодба со 26 земји, но 27 земји не дадоа согласност. Остануваме и понатаму на прашањето. Остануваат разговорите кои се водат на високо ниво помеѓу германската Влада и сите вклучени страни. Работиме секако тесно заедно со португалското претседателство, рече германската амбасадорка Холштајн одговарајќи на новинарско прашање на заедничка прес-конференција во Владата со премиерот Заев по потпишувањето на Договор за грант од германската КВФ банка наменет за обновливи извори на енергија.

Таа ги охрабри двете земји да работаат на заедничка агедна и да покажат соработка како вистински потег во правец на постигнување на консензус меѓу 27-те земји членки за отворање на пристапните преговори

– Ги охрабруваме Северна Македонија и Бугарија во иднина заеднички да работат на можно, конкретно, широко позитивно поставување на агенда, која што за двете земји ќе покаже дека работат заеднички, дека практично оваа соработка ќе биде најдобриот начин да се направи чекор напред и да дојдеме до согласност на сите 27 земји членки за да можеме да ја одржиме првата конференција за пристапување. Јас сум убедена дека тоа ќе успее, како дипломат сум оптимист по природа, но исто така сум убедена дека ќе успее. Сите знаеме дека отворањето на првата конференција е многу повеќе од заслужено и е крајно време да се случи, рече германската амбасадорка Хлштајн .