Српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев утре ќе извршат примопредавање на донацијата на вакцини од Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопштија од кабинетите на двајцата премиери, Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ на граничниот премин Табановце, со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини против коронавирусот за имунизација на граѓаните на Северна Македонија.
По работната средба на граничниот премин, премиерот Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче и српскиот претседател Александар Вучиќ ќе дадат кратки изјави за медиумите.