Не е паметно сега да се преговара и да се бара решение за проблемот, кога бугарските политичари се фокусирани на изборите. Но, добро е, овој период, до 28 март, да се искористи за спроведување на Акцискиот план и за реализирање на планираните инфраструктурни проекти како преминот Клепало и Коридорот 8, вели премиерот Зоран Заев.
Во гостувањето во дневникот на ТВ Сител, Заев децидно го отфрли предлогот на опозицијата за одржување предвремени избори и потенцира дека пописот е законска обврска и мора да се спроведе.
-Сега не е рационално да се разговара зашто бугарските политичари се исправени пред избори, но Акцискиот план ќе помогне многу за голем дел од работите и кај нас и кај Бугарија да се реализираат побрзо. Со него се покриени сите области – од инфаструктура до образование, спорт и култура. Акцискиот план е доставен до Бугарија, чекаме одговор. Тоа се идеи кои може да се дополнат. Акцискиот план произлегува од Договорот за пријателство и е од наш интерес, а целта е поинтензивна соработка, истакна Заев.
Најавените активности на Бучковски, Османи и Димитров, рече Заев, ќе бидат во оваа насока.
-Идејата е да се разговара за она што е возможно да се реализира до 28 март, кога се изборите во Бугарија. Да не ги креваме очекувањата тука во јавноста дека ние не знам што ќе решиме дотогаш, зашто пред избори не е паметно да се влезе внатре зашто тоа само може да ја поттикне омразата. Но, ајде да видиме што може, може да го спроведеме Акцискиот план и инфраструктурата, подвлече премиерот.
Историските прашања, нагласи, треба да и се остават на Комисијата, а идентитетските прашања, потвори уште еднаш, не смее и нема да бидат на масата за преговори. Тоа, рече, го знае и бугарската страна и тука нема дилеми.
– За минатото Заев и Борисов не може да разговараат, за тоа е надлежна Комисијата. Точно е дека треба голем дел од историските прашања да се заокружат со заеднички записници за заедно да прославуваме одредени историски периоди и личности, а оној дел што ни е посебен од историјата, така да остане. Записниците за петте личности се верикфикувани од двете страни. И имплементацијата во образованието мора да биде потврдена од двете страни. Во однос на цар Самоил бараме дополнување кое не и штети на Бугарија. Бугарската страна останала, не во учебниците да биде само тоа од записникот. Но, 12-15 реченици, колку и да се, не се доволни, има периоди за кои децата треба да учат, а не создаваат лошо чувство меѓу двете земји, објасни Заев.
Дополни и дека во однос на македонскиот јазик, Бугарија може да го издвои своето мислење додека не ги признае официјално и македонскиот јазик и македонскиот народ, иако секој ден премиерот, претседателот на државата и министерот за надворешни работи зборуваат за македонскиот народ и македонскиот јазик
Во врска со реформите во образованието, Заев напомена дека историјата е основата за нашата сегашност и димензионирање на иднината. Без неа сме никој и ништо, но тоа не значи дека не треба да се отвори дебата.
-Ќе ги слушнеме одговорите на спротивставените прашања, нешто мора да направиме за да продуцираме поперспективно и попроудуктивно образование за нашите деца. Никој нема да го укине предметот историја. Формирана е работна група без какво била политичка определба, одржан е состанок на 300 наставници, даден е модел за дебата. Од тука ќе произлезе најдоброто. Да тргнеме од прво до петто одделение, а за шесто до деветто да дадеме дополнитлно време, да извлечеме максимум најдбор за учениците, рече Заев.
На прашањето за опозицискиот предлог да има предвремени избори, премиерот е дециден дека неговото евентуално повелкување би значело изневерување на народот кој му ја дал довербата. Земјава, рече Заев, останува на проевропската агенда.
-На барањето на опзицијата поднесов оставка во 2019 година, понесувајќи ја одговорнста за француското вето. Го повикав народот да се изјасни, победивме на изборите. Моето повлекување ќе значи изневерување на граѓаните кои ми ја дадоа довербата. Продожуваме понатаму со нашите евроинтеграциски процеси, надевајќи се дека час поскоро ќе се реши прашањето со Бугарија, а и доста е веќе од предвремени избори, ветивме редовни избори, по четири години. А и што ако одиме на избори, да се повторат истите бројки? Водиме 4,3 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ, ништо посебно нема да се смени, а и ќе и потрошиме на државата нови шест месеци, ќе нанесеме и економски штети кога очекува рестарт,. Нема да одиме на избори, истакна премиерот Зоран Заев.