ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ – НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТОРИСКИОТ ЕГЕЈ

Според археолошките наоди, во времето на преодот од бронзено во железно доба (1200-800 гоидна пред Христа), настанала повторно епоха на превирање и несигурност на Балканот, слична на енеолитот.1 До овој заклучок уште претходно дошол Хеуртлеј (1939) кој, на основа на истражувањата на материјалната култура во Македонија, истакнува дека на крајот на микенската еволуција и со почетокот на субгеометрискиот период, може да се констатира продор на миграциони елементи на Балканот поврзани за Медиана групата од околината на Ниш и Параќин во Србија (1300-1000 година пред Христа) во правец на југ кон Морава, Вардар и Егеј. 

1  Papastavrou, I,: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 172, Hiotelli, Athinai, 1972; Грашанин, М.: Праисторија на тлу Србија, I, 1973, Београд, Гавела, 1988.

Во прашање е еден од оние бранови кои допринеле за рушење на Микенската цивилизација, Хетитската држава и поместувања на населението од Блаканот во правец на Мала Азија и Блиски Исток, сė до Египет. Овој бран на преселба на „народите од морето“, сопрен е од страна на египетскиот владетел-фараонот Рамзес III, 1194-1190 година пред Христа. Тоа е утврдено од еден фараонов епиграм во храмот Мединет Хаб за сопирање на Дануните (Подунавците), Пелешати (Пелазгите), Фригите (Бригите), Сака-либите, Сакалаши-Словените, итн.2 За ова истражување особено се интересни Сакалашите.

2  Childe, V.G.: The Aryans, a Study of Indo-European Origin, London, 1927.; Papastavrou, I,: Istoria tis Arhaias Elladoѕ, p. 26-30, Hiotelli, Athinai, 1972.; Macqueen, J.G.: The Hittites and their contemporaries in Asia Minor, с. 157, London, 1986.

Значи, Чајлд3 укажува дека првите информации за Сакалшите како народ „од Север-Борејци и Хиперборејци’, т.е. „Дануни“ сочувани се во египетските споменици кои датираат околу 1400 години пед Христа. Следат податоците на Мернептах (1225-1215), кој на северните граници на Египет ги победил „Северните хорди од целиот свет“ каде учествувале и Сака-лашите. Етнонимот Сака-лаши, Сака-либи е арапско име за Словените, додека за Персијците тоа е Саки. Ова име, Сакалиби, се наведува во 665 година пред Христа кога еден одред од Словени, од 5.000 војници, им пришол на Арапите во Сирија.4 Неколку години подоцна, за време на императорот на Источното римско царство, Јустинијан II, во 692 година пред Христа, пребегнала кај Арапите поголема формација Сакалиби од околу 20.000 војници. 

3  Childe, V.G.: The Aryans, a Study of Indo-European Origin, p. 63, 82, London, 1927.;

4  Острогорски, Г.: Историја Византије, с. 132, Просвета, Београд, 1969.

Етнонимот Скити се јавува кај Херодот (485-425 пред Христа) во излагањето за ширење на Персиското царство во Азија и на Балканот. Етнонимот Скити кај грчкиот етимолог Мпампиниоти5 е од непознато потекло, бидејќи потекнува од словенскито глагол да скита, бидејќи биле номади. Во воената литарутра, нивниот начин на војување се опишува како „скитска тактика“, применета против Дариј, Наполеон и против Хитлер. 

5  Mpampiniotis, G., Synhroni gramatiki tis koinis neas Elinikis, p. 163, Athina, 1967.

Херодот, во својата „Историја“6 изнесува дека „Земјата на Скитите се протега во правец запад-исток, од Енет на Јадранот до Медија и до Персија на исток, а дека низ неа тече реката Истар (Дунав)… и дека преку Истра се наоѓа една бескрајна пустина. Единствени за кои бев во состојба да дознаам дека живет преку Истра се луѓето чије име е Сигини, а кои се облекуваат како Меѓаните.“ 

6 Херодот, Историја, V, 9, Матица Српска, Београд, 1988.

Енети-Венети – па оттука и името Венеција, скитско-прасловенско племе на Јадранот, во покраината Венеција, со главен град Патавија (денешна Падова). Хомер7 споменува херои од Енетските земји во малоазиската покраина Пафлагонија, кај описот на составот на тројанските војски: „… А на Пафлагонците водачот Пилемен беше влакнест, јунак од Енетската земја, каде диви мазги живеат…“ 

7  Хомер, Илијада и одисеја, II, 851, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Ова е во согласност со Херодотивте цитати дека тие се доселиле од Медија. Енетија на Јадранското Море била позната во тоа време по одгледувањето коњи. Познати биле енетските ждребиња, т.е. благородоните ждребиња (Enetai pöloi).

Во друг дел8, Хомер опишува: „… Пред Скитија кон морето се наоѓа Тракија. Скитија лежи веднаш позади Тракија во истиот залив и низ неа тече Истар, чие устие е свртено кон југоисток.“ Хекатај (Хекатаиос) од Милет (549-478), еден од најстарите антички историчари и географи, кој покрај останатото го напишал и делото „Патување околу светот“, во делот за Европа, каде се обидува да ја согледа Тркија во целина, пишува дека Тракија има природни граници кои ги опфаќаат сите земји од северниот брег на Егејското Море, западните брегови на Понт, на север планината Хем (Балкан), а на запад планините Рила и Пирин. Дека тоа се вистинските граници на Тракија и на Тракијците потврдуваат и резултатите од археолошките и лингвистичките истражувања на современи автори,9 кои сметаат дека тоа се, пред сė, територии на денешна Бугарија.

12cup

8  Херодот, Историја, IV, 99, Матица Српска, Београд, 1988.

9 Срејовиќ, Д., Цермановќ-Кузмановиќ, А.: Речник грчке и римске митологије, с. 49, СКЗ, Београд, 1992.; Попов, Д., 2008, 19.

Според Херодот, значи, западната граница на Скитите на Балканот е Јадран („…до Енет на Јадранот…“), а источната е Тракија („… лежи веднаш позади Тракија“). Северната граница е неодредена, бидејќи како што пишува: „… низ неа тече Истар-Дунав…“, т.е. на двете страни на Истар се Скитите. За јужната граница на Скитите тој е доста нејасен. Херодот наведува:10 „… Тој предел, кој што се протега од Истар на исток и југоисток сė до таканаречениот град Керкинитид, всушност, е Стара Скитија…“ 

10 Херодот, Историја, IV, 99, Матица Српска, Београд, 1988.

На Крим постоел град по име Каркинитида (каркинос – рак). Меѓутоа, во грчко-германскиот речник на Бенселер-Каегијев, според Сенц,11 Керкинитис лиме е езеро во Македонија низ кое протекува реката Стримон. Покрај хидронимот на езерото, постои и ороним Керкини (Беласица) и град Керкини. Зборот Керкинитис  потекнува од ПБГ каде керкис-керитидос значи цевка, теснец, клисура, што на теренот ја претставува клисурата на реката Струма помеѓу планините Керкини-Беласица и Орбел. За религијата на Скитите, Херодот12 пишува: „   Ги почитуваат само следниве богови: пред сė Хестија, а потоа Зевс и Геја и мислат дека Геја е Зевсова жена. А, после овие, ги почитуваат Аполон, небесната Афродита, (Херакле) и Арес. Овие богови ги почитуваат сите Скити, а таканаречените Кралевски Скити му принесуваат жртви на Посејдон. Хестија на скитскиот јази се вика „Табити“, а Зевс има, според мое мислење, мнгу убаво име „Папеј“ …“, т.е. папаиос, бабо, тата, татко. 

11  Херодот, Историја, IV, 99, Матица Српска, Београд, 1910, 509.

12  Херодот, Историја, IV, 59, Матица Српска, Београд, 1988.

Од ова следува заклучокот дека Скитите ги почитувале боговите на Хиперборејците од хидролошкиот систем на Дунав, подоцна наречени Олимписки богови. 

Зевсовите Скити

Етногенезата на Скитите е опишана од страна на Херодот13: „Скитите говорат за себе дека се најмлад народ на светот, а настанале вака. Во нивната земја, која била пуста, се родил првиот човек кому името му било Таргитај. Велат Зевсовите Ските дека родители на овој Таргитај биле Зевс и ќерката на реката Бористена. Тоа јас не им го верувам, ама тие упорно тврдат дека тоа е така.

И тој Таргитај, кој имал такви родители, имал три сина: Липоксај, Апроксај и најмладиот Колаксај…, а од најмалдиот водат потекло скитските кралеви кои се викаат Паралати. Сите тие заедно се викаат, според името на еден крал, Сколити-Skölos-Skölosoi; Хелените, меѓутоа, ги викаат Скити – Скутаи.“ Потоа, авторот14 продолжува: „Така говорат Скитите за своето настанување и тврдат дека од нивното настанување, т.е. од првиот крал Таргитај до Дариевите походи против нив (на Дунав, во 512 година пред Христа) има сė на сė, ниту помалку, ниту повеќе, илјада години…“ Од ова произлегува дека Скитите се појавиле на историската сцена на Балканот 1500 години пред Христа, т.е. пред Хелените-Дорци 388 години порано, според пресметките на Тукидид15… „дека Хелените се селеле и … шеесетата година по заземањето на Илиј (Троја).“ 

13  Херодот, Историја, IV, 5-142, Матица Српска, Београд, 1988.

14  Херодот, Историја, IV, 6, Матица Српска, Београд, 1988.

15  Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. I, 12, Дерета, Београд, 1991.

Понатаму, под ономастиката Сколос, постои топоним во македонската Халкидика, во билизната на Олинт, како и во Беотија, на десниот брег на реката Асоп во Платејскиот крај.16

16  Pauzania, Perrigissis tis Ellados, IX, 8, (прев. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.; Херодот, Историја, IX, 15, Матица Српска, Београд, 1988.; Тукидид V, 18

Хераклевите Скити

Хераклевата етногенеза на Скитите од Балканот опишана е, исто така, од страна на Херодот:17 „…Хелените од брегот на Црното Море пак го говорат ова. „Херакле, терајќи ги Герионовите говеда, стигнал и во таа земја, која била ненаселена, а во која сега живеат Скити. А, самиот Герион не живеел на Црното Море, туку во Океана (Дунав), на едно острово кое Хелените го викаат Еритеја (истовремено е и сегашно романско име, додека српското е Ада Кале), позади Хераклевите столбови, недалеку од Гадира (При-град)… И кога Херакле оттаму дошол во земјата која сега се вика Скитија, бидејќи го фатила зима и мраз, се облекол во лавовска кожа и заспал, а неговите грла, кои во тоа време се наоѓале на паша, исчезнале на некој нему таинствен начин.“

17  Херодот, Историја, IV, 8-10, Матица Српска, Београд, 1988.

13cup

Раѓањето на Скитите на кралот на Хилеја – Шумадија

Во продолжение,18 авторот изнесува: „И, откако се разбудил, Херакле ги барал грлата, па отакако ја обиколил целата земја, стигнал најпосле во земјата која се викала Хилеја – Шумадија (Hileis – шума). Тука, во една пештера, наишол на некое двојно женско суштество, пола змија, а пола девојка, која до појасот била змија, а над појасот девојка.“ Тоа била Ехидна, Форковата или Тартановата ќерка.19 Таа на јунакот му ја признала кражбата на коњните, но не сакала да му ги врати сите додека тој не се согласи да се соедини со неа.“ 

18  Херодот, Историја, IV, 9, Матица Српска, Београд, 1988.

19  Hesiodus, Fragmenta & Theogonia, p. 295.

Пред заминувањето од Хилејската земја, каде таа била господар, Ехидна, му рекла дека под срцето носи три негови сина. Јунакот тогаш ù го предал својот лак и појас, на кој висел златен сад и ù ја дал следнава инструкција: „Кога ќе видиш дека синовите веќе се одраснати, ти советувам ова до го вградиш и нема да згрешиш. Оној кој ќе може вака да го оптегне лакот и да се опаше со овој појас, него остави го во оваа земја, а кој не ќе може тоа да го стори како што ти покажав, него прати го во светот. Ако тоа го направиш, и ти ќе имаш голема радост, а ќе ја извршиш и мојата наредба.“

По Хераклевото заминување, кралицата Ехидна ги родила Агатирс, Гелон и Скит… „Првите двајца, Агатирс и Геон, мајката ги протерала од земјата, бидејќи не биле во состојба да ја извршат зададената задача, т.е. да го оптегнат лакот, а најмладиот Скит, кој го оптегнал лакот, го оставила дома. И од овој Хераклев син Скит потекнуваат сите подоцнежни скитски кралеви.“ 

Агатирси

Агатирс станал епонимен херој и крал на Агатирсите, скитско племе во сливот на реката Тиса и нејзините притоки Марис (Maros) и Köros, во областа на денешниот Сегедин и Арад, сė до Будим, на археолошкиот локалитет Szöny. Херодот20 пишува дека Агатирсите биле многу богати, дека со задоволство се кителе со злато, дека биле кицоши/контиња, биле едни на други браќа и многу храбри. Агатирс се спомнува и како учесник на кралското Собрание на Скитите, во 512 година пред Христа, за време на Дариевата агресија. 

20  Херодот, Историја, IV, 104, Матица Српска, Београд, 1988. 

Гелони

Гелон, исто така, бил епонимен херој и крал на Скитите-Гелони, племе помеѓу Агатирс и Будим. Херодот21 изнесува дека Гелоните имале главен град што се викал Гелон, ограден со дрвени ѕидини. Секоја страна од нивниот ѕид била долга триесет стадиуми, а бил и прилично висок. Куќите и храмовите биле, исто така, од дрво. Имале светилишта на хеленските богови, со соодветни кипови. Секоја трета година приредувале свечености во чест на богот Дионис. Јазикот им бил мешавина од скитски и хеленски зборови. Кралот Гелон бил учесник на Собранието на кралевите на скитските земји во состав: Агатириси, Будини, Сауромати, Неури, Тауријци, Меланхнеми и други во борба против Дариј. Гелоните биле земјоделци и добри градинари. 

21  Херодот, Историја, IV, 108, Матица Српска, Београд, 1988.

Продолжува

Пишуваат:

1slave 2АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

1slave 5СЛАВЕ КАТИН