Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејството се проширило со уште два члена, со синот Ѓорѓи и ќерката Фанка, Нивниот татко Толе е роден во 1867 година во Велушина, а починал во 1952 година. Во текот на својот живот, за време на Првата светска војна, бил на печалба во Америка, каде останал неколку години, а потоа се вратил во селото.
За време на војната, Диме, внукот на Јован од првиот братучед Ѓорѓи, исто така, заминал преку Грција на печалба во Америка. Тоа Диме го направил за да ја избегне воената обврска, бидејќи постоела опасност да загине вo војната. На овој чекор се решил откако неколку месеци веќе учествувал вo воените операции кај Вишеград.
Го искористил добиеното отсуство. се вратил дома и набрзо ја минал грчката граница, од каде се префрлил вo Америка. Ho, и таму судбината не му била наклонета: по извесно време, во 1918 година во САД се појавила опасна епидемија на грип, од која Диме се разболел и истата годинз, и покрај сите напори на лекарите – починал.
Кога Толе се вратил од Америка, ја презел врз себе грижата не само за своето семејство, туку и за семејството на Диме, чија сопруга и двете деца останале без татковска грижа. Според кажувањата на Илинка – сопругата на Диме, Толе кон нив се однесувал со најголема почит, така што таа и нејзините деца никогаш не го виделе смуртен или налутен кон нив. Соседите го паметат како голем човек, за кого грижата за семејството е света работа, бидејќи со еднакво внимание и одговорност и грижа се однесувал кон сите во заедничкото семејство.
Ѓорѓи – синот на Толе е роден 1907 година во Велушина, a се оженил во 1925/26 година со Фанка Размовска, од семејството кое во селото било познато како Размојчини – од Долна Маала. Во нивниот среќен брак се родиле три сина: Васил, Марко и Петар и две ќерки, кои подоцна починале.
Ѓорѓи со фамилијата на Васил
Таткото Ѓорѓи Јановски пред Втората светска војна заминал на печалба во Франција и таму останал повеќе од десет години, Во неговиот печалбарски живот го доживеал најголемиот удар – парите што ги спечалил, no завршувањето на војната, ја загубиле својата вредност, така што ефектите од неговата десетгодишна работа биле сосема девалвирана,
Како најстар од браќата, Васил бил прв вклучен во земјоделските работи. На помошта од својот внук најмногу се радувал неговиот дедо Толе, кој по тој повод често повторувал дека веќе „пристигнала неговата замена од подмладокот”, зашто во тоа време татко му на Васил бил на печалба во Франција. Заради тоа, во тој период, речиси сите полски работи во Велушина ги извршувал дедото Толе, па помошта од Васил му дошла како големо олеснување. И не само тоа, внукот работните обврски ги извршувал брзо и квалитетно.
По завршуаањето на Втора-та светска војна и ослободувањето на земјата, Васил, како полнолетен маж, решил да си најде животна п р идруж н и чка. Изборот паднал на Донка од селото Драгош. Свадбата што била направена долго ќе се памети како богата и раскошна. Сватовите качени на убаво украсени коњи отишле по невестата во Драгош, до самата грчка граница, откаде поворката тргнала кон Велушина со музика и песни. Зад веселата колона се движел пајтонот во кој седеле Васил и Донка, фатени за раце. како неразделни гулаби.
Цели два дена јачела Велушина од свирките на оваа свадба, на која се јадело и пиело без престан, имало убаво испечено јунешко и јагнешко месо, со сите други мезелаци што обично одат со тоа. Амбиентот го краселе неколку котли во кои се готвеле убави јадења. а виното и ракијата се точеле како потоци, кои не пресушуваат. Пред да се ожени, Васил го отслужил воениот рок во траење од три години. Co женидбата, Васил отворил нова страница на својот живот кој, како што покажало времето, бил динамичен и бурен.
Ѓорѓи со семејството на Марко
Вториот брат Марко, по отслужувањето на воениот рок од три години во бившата ЈНА, се вратил дома. во Велушина, со обврска да се грижи за семејното стадо овци. Мојот соговорник Алексо истакнува дека тој со големо задоволство ги извршувал работите поврзани со развојот на стадото, Во тоа му „помагало“ и убавото расно куче, кое Марко го дресирал да се грижи за стадото, да го собира и заштитува. Фотографија од него и денес чува во фабриката „Јановски“ во Канада, да го потсетува на незаборавните денови во Велушина.
За разлика од Васил, Марко, како и говеќето неговм врсници од селото, заминал во Битола на изучување дограмаџиски занает, за изработка на елементи за кујни и креденци, Ваквата работа барала смирени, трпеливи луѓе, со чувство за естетика, каков што бил и Марко. „Најдобра потврда за тоа е она што го постигна во Канада“, вели Алексо. По завршувањето на занаетакото училиште, се оженил за Даница Шајковска, од Горна Маала, во Велушина.
Неговата свадба била празник за селото. Цело попладне свирачите, меѓу кои и Алексо, со свирка и песна оделе од куќа до куќа, да ги канат луѓето да дојдат на свадбата. Бројот на гостите, на роднините и пријателите бил толку голем што долго ќе се памети. Два дена се јадело, се пиело и се играло. Токму онака како што бара старата македонска традиција, чии верни приврзаници беа и останатите Јановци.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН