Мерките и средствата за размножување, облагодарување и подобрување на породот, означени се под поимот евгеника. Според Ликурговото законодавство, биле точно пропишани условите и правилата за стапување во брак. Се одредувал бројот на годините на младенците, нивното здравје, душевни особони и отсуство на сродство меѓу нив. Родените Спартанци од седмата година се класифицирале во групи (agele – agelas), каде под раководство на постарите биле подложувани на гимнастички воени и многу други различни вежби со цел да го очеличат телото и духот.
По дваесеттата година, Спартанецот припаѓал на групата млади воини и до својата триесетта година морал да живее колективно и да се храни во менза (fidition-sissition) со црна супа и јачменов леб на свој трошок. Заедничкиот живот на младите Спартанци развивал нежна љубов. По шеесетата година, можеле да бидат слободни со право на учество во Собранието на старците.
Од родителите се барало слабичките и болникави деца, деца со конгенитални аномалии, да не ги чуваат и да не ги одржуваат во живот, туку да ги уништат физички, со фрлање во Еврот од познатата Терпејска Карпа.
Со еден збор, Хелените-Спартанци барале таков режим на воспотивање што водел кон зацврстување и челичење на човековата физичка снага и здравје, со цел создавање подобра и одбрана човечка раса, која се раѓа и живее за државата.23
23 Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 110, Hiotelli, Athinai, 1972.
Спротивно на Хелените во Лакедемонија, во мултинационалната Атина под раководство на Кодридите, Алкмеонидите и Пизистратидите, еолски потомци од Панонија, сфаќањето на карактерот на државата било сосема спротивно. И тука се работело на подобрување и облагородување на потомството, но, пред сė, се барала убавина на душата, како и умствена развиеност, а дури потоа физичко подобрување.
На кој јазик говореле Хелените? Лингвистот Мпампиниоти24 изнесува дека тие говореле на „дорски јазик“ од 1100 година пред Христа, кога ги покориле староседелците на Пелопонез. Тој јазик се говорел во Лаконија, Месина, Арголида, Коринт, Крит, Додеканези, т.е таму каде стигнале хеленските освојувачи. Подоцна, тој се збогатил со палео-балканската глосологија и поради тоа авторот го вбројува во античките хеленски дијалтеки. На тој дијалект спартанскиот поет Тиртеј (Tyrtaios) ги пишувал елегиите во VII век пред Христа, кој е полн со хомерови зборови и фрази. Дали од дорскиот јазик потекнуваат следниве зборови: „псоми“ наместо палеобаланските – артос, „неро“ – hydor, „гуруни„ – us, „провато“ – ois, „алого – hippos, итн.
24 Mpampiniotis, G., Synoptiki istoria tis Ellinikis glossas, p. 96, Athina, 1986.
За првобитната религија на Хелените историчарите ништо не соопштуваат. Врз основа на спомениците во Спарта, кои што ги опишува Паусаниј,25 Хелените ги прифатиле панонските богови на Олимп и тоа Зевс (Гостински), Хера, Хестија, Аполон, Артемида, Хермес, итн. Интересен е податокот што го изнесува авторот:26
25 Pauzania, Periigissis tis Ellados, III, II, 12 (prev. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.
26 Pauzania, Periigissis tis Ellados, III, 13 (prev. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.
„Спротивно од Афродита Олимпијска се наоѓа храмот на Кора (Персефона) Спасителката. Велат дека го изградил Тракиецот Орфеј, а други тврдат дека го изградил Абарис (Аварис), кој дошол од земајта на Хиперборејците.“ Овој панонски Хипербореец бил пророк и чудотворец. Заедно со Залмоксис и Орфеј, Абарис бил претставник на религиозно-мистичната секта која се спротивставувала на реалистичното толкување на природата и светот, наместо митолошкото објаснување. Абарис ја ослободил Атина од чумата.27
27 Пиндар, фр. 270
Во културен поглед, Спартанците го дале поетот Тиртеј, додека поетот Алкман (600) бил Лидјанец, и „дорските“ столбови во архитектурата, кои што се копија од минојските столбови од Крет кои биле дрвени, додека хеленските се од камен.
Војните на Спарта
Бидејќи Хелените на Спарта не можеле да ги совладаат Аркагјаните, ги насочиле своите освојувања на запад на Лаконија, а во VIII век пред Христа и до Втората месенска војна, на целосната окупација на Месенија. Нивните бегалци во Сицилија основале колонија под името Месенија. Со ширењето на границите на Спарта, дошло до проблеми во одржување на освоените простори и страв од бунт на робовите (хилоти), кои цифрено ги имало многу повеќе во споредба со Спартанците чиј број изнесувал сė на сė 25.000.28 Цитирајќи го Тукидид, авторот изнесува дека за време на Пелопонеската војна со Атина, Хелените на Спарта ликвидирале 2000 свои робови-хилоти „без чувство на вина.“
28 Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 110, Hiotelli, Athinai, 1972.
Дури во VI век пред Христа создаден е „Пелопонескиот сојуз“, без Арг и Ахеја. Тоа било време кога кралот на Лидјаните Крез се распрашувал кој во Грција е „најмоќен, Лакедемонците или Атињаните?“ Од тогаш тие ја прекинале својата изолација и се вклучиле во внатришните проблеми на Сицилија и Атина (510 година пред Христа), кога на власт ги довеле Алкмеонидите.
Во борбите на Атињаните со Персијците на Маратон, во септември 590 година пред Христа, Хелените од Спарта не стигнале на помош поради наведените побуни на робовите-хилоти. Меѓутоа, во пролетта 480 година пред Христа, Хелените учествувале со 300 воини на чело со кралот на Спарта Леонид, против персијскиот крал Ксеркс кај Термопилите кога сите загинале, манифестирајќи херојски доблести и спартанска челична дисциплина. За учеството на Спартанците во поморските битки кај Саламина, Херодот29 наведува: „Во војната учествувале овие бродови: Спартанците од Пелопонез дале 16 бродови, а Коринтјаните 40, Сикиоњаните дале 15, Епидавраните 10, Трезењаните 5 и Хермионците 3 брода. Сите овие, освен Хермионците, по потекло биле Дорани и Македонци и се доселила од Еринеја, од Пинд и, најпосле, од Дриопида… (44). Самите Атињани дале околу 80 лаѓи, всушност толку колку сите останати заедно.“
Битката се одиграла во септември 480 година пред Христа, со триумфална победа на грчките сили. Вистнските победници биле Атињаните.
29 Херодот, Историја, VII, 43, Матица Српска, Београд, 1988.
Во борбите кај Платеја, во пролетта во 479 година пред Христа, против персискиот војсководец Мердониј, меѓу 150.000-те илајди грчки војници, Хелени од Спарта, било 5.000 со оклопи кои располагале со заштита од 35.000 лесно вооружени хелоти, бидејќи на секој Спартанец имало по 7 хелоти.“30 На чело на спартанската војска бил нивниот крал Паусаниј. Персијците биле поразени и протерани од Грција. Вистинските победници биле Спартанците.
30 Херодот, Историја, IX, 28, Матица Српска, Београд, 1988.
За историјата на тлото на Грција, од крајот на војните со Персија до почетокот на Пелопонеската војна, после педесет години, од големо значење се историските информации кои што ги дава Тукидид31 за наглиот и силен развој на Атина и за антагонизмот помеѓу Спарта и Атина, како хегемон. Првите судири помеѓу двата посебни општествени и етнички системи, мултиетничката и демократскака Атина, чии претци биле Лапити од Панонија и конзервативната Спарта, со дорско-хеленски национален состав, се случиле во пролетта 431 година пред Христа. Војните траеле 27 години. Атина била на чело на Атинскиот сојуз, а Спарта на чело на Пелопонескиот сојуз.
Војната била исцрпувачка за двете завојувани страни, а победила Спарта и вовела своја хегемонија. Меѓутоа, тоа била „Пирова победа“ бидејќи дошло до опаѓање на нивната моќ, така што подоцна целата Грција паднала под власта на Македонија, со победата на кралот Филип кај Херонеја II, во 338 година пред Христа.
Пред овој настан, дошло до крај и на спартанската хегемонија уште во 371 година пред Христа, во битката кај Леуктра во Беотија каде спартанските сили, под команда на кралот Клеомбот, се судриле со 7.000 беотски војници под команда на кралот Епиминонд. Победата на Епоминонд значела крај на хегемонијата на спартанските Хелени и владеењето на феникијските Тебанци.
Оваа победа означувала историска станица во натамошниот развој на сосотојбите во Грција, особено на Пелопонез, каде дошло до пубуна, до вооружување на Атинскиот и Пелопонескиот сојуз и до приближување кон Беотскиот. Хелените на Спарта не можеле да ги спречат ослободителните движења во Аркадија, Арголида, Елида и Месена, додека Атина не смеела да им помогне и заземала неутрален став.
Повик од побунениците добил беотскиот крал Епаминонд, кој со своите големи воени сили стигнал на Пелопонез, сė до Спарта, која не можела да се спротивстави. Договори за независност добиле Месена и Аркадија, со што Спарта била изолирана од север и запад и лишена од богатата рамнина на Месенија, со што ù е зададен голем удар.
Спартанците не мирувале бидејќи склучиле сојуз со Атина и Дионис од Сиракуза и со голема финансиска помош од Персија завојувале со Аркадија, која ја победиле. На конференцијата во Суса (367 години пред Христа), каде учествувале Спартанци, Атињани и Тебанци, мандат за воспоствување на „Царски“ мир добиле Тебанците, со што е призната првобитната состојба и независноста на Месена и Аркадија.
Така Спарта, по поразот кај Леуктра, престанала да биде респектабилна сила, што се случило и со Атина и Теба, со што дошло до исчезнување на градовите-држави и македонската хегемонија.
Од наведните анализи се потврдува Херодотовата32 констатација дека „Лакедемонците од хеленско потекло“, кои ја дале единствената „евгеника“, чии добри војници предизвикале меѓудржавни судири и освојувачки војни, не се творци на „грчкото чудо“ во егејската култура.
32 Херодот, Историја, I, 56, Матица Српска, Београд, 1988.
Продолжува
Пишуваат:
АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И
СЛАВЕ КАТИН