Поврзаноста на браќата Јановски со родното село е голема. Така, во разговорите за „Велушката Тумба“ и другите месности ми зборуваа со посебно задоволство. Тоа се потврдува со тоа што Велушина е село со богато минато. За него се врзани бројни историски настани. Така, за одбележување е „Велушката Тумба“. Тоа е неолитска населба, која, иако просторно е поблиску до с. Породин, заради тоа што се наоѓа на велушки имот, е наречена Велушка. Таа, всушност, е самоедна од бројните тумби во Пелагонија (досега се откриени 70 -тина} кои говорат за еден динамичен живот во предисторијата на овие простори.
Меѓутоа, вистината за „Велушката Тумба“ ја кажаа првите археолошки рекигностицирања кои започнале во далечната 1952 год., а и систематските истражувања дваесет години подоцна (1972) од група археолози на Битолскиот завод и музејот на Народниот музеј во Штип и на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата од Скопје.
Инаку, според археолошките податоци „Велушката Тумба“ по димензии е слична на другите тумби од Пелагонискиот регион. Таа се протега во правец исток-запад и долга е околу 250 м, а широка близу 150 м. Била живеалиште на неолитски луѓе во подолг период, кои ја прифатиле од неколку причини: околу неа имало плодно земјиште на кое ги саделе и сееле земјоделските производи; вo близина била Велушката Река чии води биле изобилно ползувани; а во близина била и Црна Река од каде влечеле и рибен материјал, но и трска, шамот и др,, додека на запад се наоѓала Баба Планина и нејзините природни богатства од дрвена граѓа и камен за оружје и орудија.
Во четирите хоризонтали од остатоци на надземни објекти за живеење се откриени урнатини од куќи, делови од куќен лепеж и подни конструкции. Овие објекти неолитските луѓе ги граделе од дрво, трска и кал, помешани со плева, билки и др. Каменот билг исто така, употребуван, но парцијално. Подовите биле правени од глина која била набиена и од дрвен материјал кој бил премачкан со глина. Куќите имале, веројатно, правоаголна форма. Орудијата што се пронајдени, пак, правени се од камен, коска и керамика.
Дел од Велушката Тумба
Материјалот од сферата на керамиката што е најден на ридот е најмногуброен. Грнчарството, очиглвдно, било на низок степен од развојот, зашто не само што има средба со мајсторско и умешно изработување во катадневната примена, туку и негово украсување. Древниот човек во нив внел орнаменти во бела боја, но извлекувал украси и од самиот глинен материјал.
Инаку, според пишаните документи, (а тоа го знаат иселаните) во близина на Велушина постоел римски воен логор во еден подолг период. Според народните преданија се тврди дека на делот каде што се одвојува патот за Велушина од магистралниот пат за Лерин, постоела стара богата и развиена населба, Ваквите тврдења ги поткрепуваат археолошките наоди што ги пронаоѓаат жителите на Велушина кога ги обработуваат своите ниви.
Скоро на самата површина најдени се бедеми, грчарија и многу мермерни изработки. За жал, кон нивно проучувањв не е сериозно пристапено и нема сознанија од кој период потекнуваат, кому му припаѓале и дали навистина може да се говори за попатна станица на Виа Игнација. Покрај ваквите наоди пронајдени се и монети. Една е на царот Јустинијан. Инаку, познато е дека последните негови монети се ковани во годините од 547-551.
Впрочем, погодноста на местово за подигање ваква станица е повеќе од очигледна. Водата што доаѓала од планината и врвела оттука, богатото блиско поле, кое обезбедувало храна, а и вообичаеното растојание од поголемите центри ја фаворизирале Велушина за воен стационар.
Редакторите на грчкитр илатинските извори кои се однесуваат на Балканот, посебно на бугарската имакедонсхата историја, во три наврати ја посочуваат токму Велушина како попатна станица на Виа Игнација. За таквата претпоставка имаат повеќе индиции, меѓу другото и оддалеченоста од центарот Хераклеа, која изнесувала петнаесеттина километри. Сите претпоставувања дека во регионот Велушина била лоцирана прочуената Никеја.
Војводата Наум Попов – Буфчето Саат Кулата во Битола
И во турските услови Велушина продолжува да ја игра улогата што ја имала во минатото, да биде воен стационар, Така, во селото се населуваат неколку муслимаиски семејства. Во 1568 год. нив ги имало пет на број, Повеќето биле сопственицм на имот (чифлици) добиени како награда за воен ангажман. Спахија од првите децении од XVII век (1640 – 1654) бил Мехмед-бег.
Тој својот имот го спечалил со меч и со учество во воените походи на турската војска, Покрај него во селото имало и други спахии со заслуги, каков што бил Мешед-бег. Видлива трага на нивното присуство во Велушина е и кулата во селото. Исто така, во селото имало и стражарница и во неа живеел постојано турски стражар чија задача била да го заштитуаа населението од неканети гости, особено од арамии, и да тие ги гони.
Традицијата Велушина да биде воен стационар продолжила и во времињата што следувале, особено во оние кога на тој простор имало големо раздвижување на андартски и комитски чети. Така, во 1905 година велушката турска војска се судрила со четата на Наум Попов – Буфчето. Тоа било во есента 1905 кога битолскиот грчки митрополит дошол во селото Драгош и се обидел да агитира во грчка полза, зашто веќе влијанието на комитските чети било евидентно и на штета на грчката пропаганда- Буфскиот војвода Наум Попов-Буфчето се обидел тоа да го попречи.
Се создала напната и непријатна ситуација која можела да ескалира до поголеми размери. Командата на војската била известена за ситуацијата и таа била подигната од стационарот во Велушина и испратена набрзина во Драгош. Се случил судир меѓу комитите и турската војска, кој бил трагичен за комитите, зашто покрај четворица комити во битката загинал и самиот војвода. Другите комити успеале да побегнат.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН