Големите преселби на Балакнот во бронзено-железното доба
Додека Микенскиот свет помеѓу XIII-XII век пред Христа бил во најголем подем, во северните области на Балканот дошло до немири и превирања, до поголеми и помали поместувања на населението. Миграциите биле предизвикани од инфилтрација на индоевропски сточарски номади од северпонтските области кон средниот и долен Дунав. Овие селидби може да се следат со археолошките наоди од „културата на полињата со урни“ од Панонија. Овие преселби предизвикале поместување на староседелците во три правци: на искот кон Мала Азија, на запад кон Италија и на југ кон Балканскиот Полуостров. Во Централниот и Западниот Балкан биле Скитите-Илири, на исток Тракијците, додека на југ Дорците – подоцна наречени Хелени.
За Скитите-Прасловените и нивната етногенеза и проширување на Балканот, Херодот1 вели: „Скитите говорат за себе дека се најмлад народ на светот… и тврдат дека од нивното настанување… до Дариевиот поход против нив, има сè на сè, ниту помалку, ниту повеќе, илјада години…’ Во делот2 изнесува: „а Хелените од бреговите на Црното Море говорат вака: Херакле, гонејќи ги Герионовите стада, стигнал во таа земја која била ненаселена, а во која сега живеат Скитите… и со кралицата на Скитите добил три сина… а најмалиот по име Скит… Од овој Хераклов син, Скит, потекнуваат сите подоцнежни скитски кралеви…“ Херодот3 ја истакнува и распространетоста на Скитите: „Земјата им се протега до Енет на Јадранот.“ И, натаму вели, дека „обичаите за облекување се исти … и кај илирското племе Венети“.
1 Херодот, Историја, IV, 5, 7, Матица Српска, Београд, 1988.
2 Херодот, Историја, IV, 8-9, Матица Српска, Београд, 1988.
3 Херодот, Историја, V, 9, Матица Српска, Београд, 1988.
За општото име на Прасловените, Херодот4 изнесува исто така: „Сите тие заедно се викаат, според името на еден крал, Сколоти. Хелените, меѓутоа, ги викаат Скити“. Во истиот дел,5 авторот прецизира: „Пред Скитија, кон морето (Црното Море) се наоѓа Тракија. Скитија лежи веднаш зад Тракија (сегашна Бугарија) во истиот залив и низ неа тече Истар…’
4 Херодот, Историја, IV, 6, Матица Српска, Београд, 1988.
5 Херодот, Историја, IV, 99, Матица Српска, Београд, 1988.
Ако се резимира овој дел на Херодот, што се однесува на описот на војните на персискиот крал Дариј во 512 година пред Христа против Скитите на Балканот, тогаш произлегува дека Скитите го населиле Балканот во 1500 година пред Христа. Потоа, ако општото име за Скитите било Сколоти (Skolotoi), топонимите Сколос ги утврдивме во макдонската Халкидика во близина на Олинт, како и во Беотија во Грција, на десниот брег на реката Асоп во Платејскито крај, на неколку километри од Атина. Топоним под името Сингос утврдивме на западниот брег на Сингитскиот залив (Sinus Singiticus), на денешната глава (стр. 215) Сикија, полуостровот Ситонија Халкидика, па оттука и старото име за Белград, Сингидунум, Синги на Дунав.
За Тукидид,6 и Етолците во најзападниот дел на Континентална Грција (Sterea Ellada) кон Јонското Море, „говореле сосема наразбирлив јазик“, а тој живеел меѓу 464-403 година пред Христа, бидејќи тука му биле Илирските Скити.
6 Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, III, с. 94, Дерета, Београд, 1991.
За преселбите, тој вели:7 „И по Тројанската војна уште имало преселби, така што Хелада не можела да се смири и издигне. Враќањето на Хелените од Троја се оттегнало и предизвикало многу преврати, а бунтови, главно, се дигале во градовите, поради што бегалците основале нови градови…“
7 Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, I, 12, Дерета, Београд, 1991.
„Домино ефект“ на преселбите
Првиот бран на преселбите ги опфаќа Средното Подунавје и Централниот Балкан, т.е. Хипербореја. Мосиничаните од областа на Долни Милановац мигрирале во два правци и тоа:
Едните, движејќи се по Дунав, се доселиле на бреговите на Црно Море, на северните брегови од Мала Азија, од?до Трапезунт. Другиот дел се движеле по копно и долж реките Морава и Вардар стигнале во регионот на Преспа и планината Каракамен (Bermion) и го добиле етнонимот Бриги според хидронимот на Преспанското Езеро кое се викало Бригијско езеро. По извесен период, мигрирале во Мала Азија и го добиле името Фригијци.
Миси-Мези од Мишар, во Мачва, мигрирале во Мала Азија, во северозападниот дел, каде ја основале Голема Мизија.
Мионите од западна Србија се преселиле во покраината на западниот брег на Мала Азија, со главен град Сард во Мионија, а подоцна го промениле името на својата држава во Лидија, во 713 година пред Христа.
Каките од околината на Винча крај Белград и адата Чаклијан мигрирале за Рим
Еритиејците од островото Ада Кале (Еритија) мигирале на Сардинија.
Дауните од Дунав мигрирале во Египет. Следи групата Еолци (Aioleis).
Минијците од Миничево, кај Тимок, најпрво се доселиле во Тесалската рамнина, а потоа еден дел мигрирал за Троја и Арменија, а друг за Беотија, Елида, Тер и Кирена на Африканскиот брег.
Лапитите од Лапово во Шумадија, заедно со Минијците, формирале колонии во Тесалија, а потоа ги потиснале Пелазгите од Атина и владeeле во Атина.
\Флегите (flego-пожар) од областа на Стишкото Поле и Пожаревац, исто така, се доселиле во Тесалија.
Сираковците или Тироите, исто како и Еолите, прво преку Тесалија, а потоа оделе на југ до Пелопонез, каде го зазеле западниот дел на Елида и Пил, а после тоа Атина.
Битините од областа на Биначка Морава и градот Витина мигрирале во областа на Битинија на Црното Море.
Миграцискиот бран на Скитите, Хераклевите потомци со шумадииската кралица Ехидна, ја зафатил и западна Македонија. Тоа се сега нови Македонци за кои пишува и најголемиот историчар на антиката, Тукидид:8 „Меѓу Македонците се вбројуваат Линкестите и Елимјаните и други племиња од горна страна, кои се нивни сојузници и ?подложници, ама имаат свои кралевства. Сегашната Македонија на море ја стекнале најпрво со Александар, татко Пердикин и неговите претци Теменидите, кои од старина потекнуваат од Арг (Рупишча), станале кралеви протерувајќи ги, после борба, од Пиерија Пиеридите, кои подоцна се населиле под Пангеј, преку Стримон Фагрет и други места… а од таканаречената Ботија Ботојаните, кои сега живеат во соседство на Халкиѓаните. Од Пеонија стекнале извесно тесно парче земја низ реката Акција, кое се протега од внатрешноста до Пела и до морето … владеат со таканаречената Мигдонија, протерувајќи ги Едонците… а потоа од Еордија Еордјанците… па од Алмопија Алмопјанците. Тие Македонци ги совладале и останатите племиња, кои уште и сега ги држат во власт, и Антемунт и Грестонија и Бизалтија и голем дел од земјата на самите Македонци. Сето тоа заедно се нарекува Македонија…“
8 Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, II, с. 99, Дерета, Београд, 1991.
Западниот миграционен бран на скитските Илири се проширил на источните брегови на Јадранот „…од илирското племе Венети“9 до Епир, протерувајќи ги Пелазгите-Треспротјаните кои пребегнале во Тесалија.10
9 Херодот, Историја, I, 196, Матица Српска, Београд, 1988.
10 Херодот, Историја, VII, 176, Матица Српска, Београд, 1988.
За натамошните преселби, Тукидид11 истакнува: „… а денешните Беотјани, шеесет години по заземањето на Илиј, протерани се од Арн од Тесалијците (Теспротјаните), ја населиле сегаша Беотија, која пред тоа се викала Кадмова земја (еден дел од нив и пред тоа биле во таа земја, од каде и тргнеле во бој под Илиј), а Дораните (Хелени) во осумдесеттата година со Хераклидите го заземале Пелопонез… Атињаните ја населиле Јонија и поголем дел од островот, додека поголем дел од Италија и Сицилја и некои краеви на останатата Хелада ги населиле Пелопонезијците. А сето тоа било основано по Тројанската војна“.
11 Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. I, 12, Дерета, Београд, 1991.
Нови бегалски колонии на малоазиските брегови на Егејот
Сееолскиот сојуз на тлото на Мала Азија формиран е од страна на бегалците од тесалските Еолци, Беотјани, Фокиди и Локриди, кои биле панонски потомци. Сите староседелци, под притисок на Скитите, мигрирале од својата родна грутка по морски пат, преку островите Лемно, Тенед и Лезб, на источните брегови на Егеј и оформиле свои колонии од дванаесет градови. Тие го заземале просторот јужно од Троја, сè до реката Меандар, а во длабочина на Мала Азија ги опфатиле двете Магнезии.
За еолските градови, Херодот12 изнесува: „… Ова се еолските градови: Кима, наречена Фриконска, Лариса, тврдините Неон, Темно, Мила, Нотиј, Егируз, Питана, Егеја, Мирина и Гринеја. Овие единаесет градови отсекогаш носеле еолско обележје, само еден од нив, Смирна, им го грабнале Јонците. Сите овие дванаесет градови се наоѓале на копно. Еолците, населувајќи се, наишле на подобра земја отколку Јонците, само што таа земја не имала така добра клима… Градовите кои се наоѓаат во подрачјето на гората Ида, сочинуваат посебна група… А од островите ги населиле Лезб и Тенед…“ Во овој состав, Еолците во Мала Азија, во новата патрида, го формирале Сееолскиот сојуз во 1053 година пред Христа.
12 Херодот, Историја, I, 19-152, Матица Српска, Београд, 1988.
Сејонскиот сојуз воспоставен е од бегалците од Атина и останатата Атика под водство на Нелеј–Помладиот, син на атинскиот крал Кодар, од панонско потекло. Тој со останатите Кодрови синови и бројни бегалци од Еубеја и Пелопонез мигрирал на Егејските острови Миклади, Хиј, Сам, Накс, итн. и отишол во Мала Азија, каде го основал и Милет и други јонски градови, вкупно дванаесет. Со Јонците се измешале и Минијците од Орхомен, Кадмејци, Молоси, Пелазги и други и сите заедно го создале „Јонскиот сојуз“. Изградиле светилиште кое му го посветиле на Посејдон и ги вовеле „Сејонските свечености“. Според Ератостен, оваа миграција се случила во 1044 година пред Христа.
Мрачна ера на Егејската цивилизација
Тројанската војна, преселбата на индоевропските народи, рушењето на постоечките заедници, бегалците, новите колонизирања и друго довело до дезинтеграција, до назадување на сите видови дејности и до услови за живеење како во првотибните заедници. Во историјата, овој период се смета како „мрачно доба на Егјеската цивилизација“. Стивнале еолските богови од Олимп, срушени се мегароните и ризниците на минијскиот Орхомен, исчезнала „Несторовата палата“ во Пил, како и Микенската цивилизација и кнососката култура. Патиштата за трговија со Африка, Блискиот Исток и со Јадранот се прекинати. Спалена е глинената документација. Исчезнале монументални споменици. Прекинати се Олимписките игри.
Жителите се посветиле на сточарство и земјоделие. Богатството се ценело според бројот на грлата стока. Преовладувала семејната економија. Занаетите биле примитивни, со постепен развој на кожарството и воена опрема, како што се штитови, лакови, стрели, копја, ножеви, итн. Во развој биле и гатачките и надрилекарите, како и патувачките поети. Кралствата претставувале единствен политички систем, особено во Спарта, каде со воведување на евгеника, Дорците-Хелени почнале многу рано да го шират своето владеење. Главната трговија ја држеле Фениќаните.
Ова мрачно доба траело од околу 1200/800 година пред Христа од кога почнува сè од почеток и се нарекува „архаична епоха“ која траела до половината на VI век пред Христа и претставува пресвртница кон античката цивилизација. Првите никулци на препородот се јавуваат на источните брегови на Егејското Море, по консолидација на Еолскиот и Јонскиот сојуз, а тоа се воведување на феникијското писмо и Хомеровите епови.
Херодот13 опишува: „Хелените научиле многу корисни работи од Феникијците… пред сè, од нив го научиле писмото… Од почетокот пишувале исто како и Феникијците, но подоцна, напоредо со промените во јазикот, се менувала и формата на буквите. Околу нив во тоа време, речиси во сите краишта, живееле Јонци, кои научиле од Феникијците како се пишуваат букви, па, изменувајќи ги малку, со нив се служеле и ги нарекле, со право, феникијски букви… се пишувало на овчи и козји кожи…“
13 Херодот, Историја, V, 19-152, Матица Српска, Београд, 1988.
Феникиската азбука имала 22 согласки (консонанти), но не и самогласки (вокали). Специфичност на Јонците и Еолците е таа дека сите тие ја почувствувале потребата за прилагодување на нивната палеобалканска глосологија со додавање на неколку букви, така што азбуката имала вкупно 24 букви. Ваквата „јонска“ азбука официјално е прифатена во Атина дури во 403 година пред Христа, за време на архонтот Еуклид.14 На малозасиките брегови на Егејот, во новите услови Еолите и Јоњаните постепено почнале да ја развиваат својата уметност која својата инспирација ја црпеле од источната градителска уметност, како што и микенската уметност водела потекло, речиси, само од критската уметност, иако Орхомените-Тесалците и Беотјаните имале свој стил. Според египетскиот модел, со автохтони решенија се развил „еолско-јонскиот“ стил во архитектурата, како што се „јонските столбови„, „Свети патишта“, итн. Така на пример, според тие модели, на преграсниот пат во Делос изграден е Лавјиот пат, кој води до Светото Езеро, Аполоновото светилиште и до Артемидиниот храм, и др.
14 Papastavrou, I.: Istoria tis Arhaias Ellados, p. 61, Hiotelli, Athinai, 1972.
Бидејќи постојат многуборјни разијдувања, досетливи и жолчни расправии посветени на „грчкиот“ мит и на „хомерското прашање“ повеќе од двеипол илјади години, ќе се обидеме во следното поглавје да ги изнесеме резултатите од нашите истражувања.
Продолжува
Пишуваат:
АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И
СЛАВЕ КАТИН