ЕОЛЦИ – КРАЛЕВИ НА СПАРТА
Тиндареј и неговата сопруга Леда, ќерка на етолскиот крал Тестиј, имале двајца синови, скротителот на коњи Кастор и славниот поет Полидеук, кои биле близнаци и според својот небесен татко Зевс наречени Диоскури, а според својот земски татко, лакедемонскиот крај Тиндареј – Тиндариди. Леда своите деца Кастор и Полидеук, како и близначките Хелена и Клитемнестра, ги родила на Тајгет. Полидеук и Хелена се деца на Зевс, кој на Леда ù пришол во вид на лебед, и тие биле бесмртни, додека Кастор и Клитемнестра, како деца на Тиндареј, ја делеле судбината на смртниците.
Диоскурите биле учесници во ловот на Калидонската дива свиња и во походот на Аргонаутите. Кастор загинал во борба со Афареевите синови околу кражба на говеда, додека Полидеук му ја упатил својата молба на својот небесен татко Зевс и него да го прати во смрт, за со братот да биде во подземниот свет. За да ја овековечи нивната братска љубов, Зевс ликовите на Диоскурите ги пренел меѓу соѕвездието Близнаци. Култот на Диоскурите многу бргу се проширил во егејскиот свет.
Кога Пелопидите од Мала Азија, од лидјанско-фригијско потекло, воспоставиле власт во Микена, Тиндареј бил особено наклонет кон Атреевите синови Агамемнон и Менелај. Тој ја присилил својата ќерка Клитемнестра да се омажи за Агамемнон, кој бил убиец на нејзниот прв сопруг Тантал, додека по Одисеевиот совет, другата ќерка ја омажил за Менелај, кому му го отстапил спартанскиот престол. Подоцна, во време на Тројанската војна, својата внука Хермиона ја омажил за Агамемновиот син Орест, кој по смртта на својот татко станал крал на Спарта. Тиндареј е погребан во Спарта, во близина на Зевсовото светилиште. Со ова, на власт во Лакедомонија дошла династијата на Пелопидите сè до Орестовиот син Тисамен, кога Спарта ја освоиле Хелените-Дорци, во 1104 година пред Христа, на чело со Аристодем.
Аркадија – земја на Пелазгите
Планинската област во средниот дел на Пелопонез се вика Аркадија, етимолошки од зборот арктос-аркос-Аркадија, т.е. земја на мечки.
Според Паусаниј,18 први жители на Аркадија биле Пелазгите, а нивен крал бил Пелазг, син на Зевс и Форонеевата ќерка Ниоба. Тој своите поданици ги научил да градат колиби, да изработуваат облека од свинска кожа и да јадат плодови од даб.
18 Pauzania, Periigissis tis Ellados, II, 21, (prev. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.
Неговиот син Лиакон со повеќе жени имал педесет синови и две ќерки. Неговите синови биле колонизатори и основачи на бројни градови на Пелопонез. Него го наследилл најстариот син Никитим. Според подоцнежно предание, Ликаон и неговите синови починиле злодело кое довело до Деукалионовиот потоп. Следен крал на Аркадија бил Аркад, кој владеел со Пелазгите на Пелопонез и кои според него се наречени Аркадјани. Својот народ го упатил во гаење житни растенија, правење леб, предење лен и волна.
Ги имал синовите Афејдант, Азан и Елат. Афејдант го добил на управување југоисточниот, Азан – северозападниот, а Елат – југозапдниот дел на Аркадија. Центар на Афејдантовата земја бил градот Тегеј. Азан бил крал на градот Ликозур, а еден од неговите синови Клитор, кој основал истоимен град, бил најмоќен меѓу најмоќните кралевите.
Елат имал пет синови, меѓу кои е Килен, основач на истоимен град и планината Килен (2376 м), додека внукот Стимфол, основач на истоимен град и извор, итн. Следат имињата на Елатовиот син Епит, потоа Ликург, Анкеј кој учествувал во походот на Аргонаутите и во ловот Каледонската дива свиња, итн., сè до Ехем, Аероповиот син, крал на Тегејците во Аркадија. Кога Хелените тргнале во освојување на Пелопонез, Ехем им се спротивставил и излегол на двобој со нивниот водач Хил. Двобојот се одиграл меѓу Мегара и Коринт и во таа прилика Ехем го убил Хил. Ехем со големи почести подоцна бил погребан во Тегеј.
По третата генерација, Хелените повторно се ободеле да го освојат Пелопонез од северозапдната страна. Тогаш крал на Аркадјаните бил Полиместор, кој успешно ја организирал одбраната, каде покрај Тегејците и нивните жени се фатиле за оружје. Ги победиле Хелените во бој и го заробиле жив нивниот водач и останатиот дел од војската.
Неколку години подоцна, Аркадјаните им дале огромна помош на Месењаните кога се бореле против Хелените од Спарта. Кога Хелените ја заземале Арголида, кралот Орест, Агамнемонов син, пребегнал кај Аркадјаните, каде како старец умрел и бил погребан во Тегеј.
Паусаниј19 натаму наведува дека Аркадјаните биле учесници во Тројанската војна и дека учествувале во борбата против Персијците кај Платеја, во 479 година пред Христа.
19 Pauzania, Periigissis tis Ellados, VIII, 6, (prev. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989.
Египетска колонизација на Арголида од страна на Данаидите
Данај – водич на колонистите
За време на лапитскиот крал на Арг, Геланор, син на аргивскиот крал Стенел, дошло до колонизација на Египѓаните под водство на Данај. Во митологијата Данај е син на кралот на Египет, Бел, е неговиот брат-близнак се викал Египт. Бел своето кралевство го поделил така што Арабија му ја доделил на Египт, а Либија на Данај.
Египт имал педесет синови, а Данај педесет ќерки. Аполодор20 наведува дека Данај, плашејќи се од братот и неговиот пород, побегнал со ќерките во Арголида. По него тргнале и Египтовите синови во желба да се смират со стрикото и да ги запросат неговите ќерки.
Данај ги омажил ќерките за Египтовите синови, ама на ќерките им наредил во првата брачна ноќ да ги убијат своите мажи. Данаидите го послушале таткото, освен Хипермнестра која му го поштидела животот на својот сопруг Линкеј. Поради тоа, Египт со голема силна војска тргнал во Арг и Линкеј станал крал на Арг.
20 Apollodori, Bibliotheca (I-II век пред Христа), II, 1.4.
Кралеви на Арг
Кралот на Арг, Абант, со Аглаја ги имал синовите Арксисиј и Прет. Познат бил Абантовиот штит, чија сила била толку голема така што арголитските побуненици многу се плашеле. Прет станал крал на Тиринт во Арголида и со Стенбеј го имал синот Мегапент и ќерките Лисипа и Ифијанса. Лисипа се омажила за Мелампод, а Ифијанса за неговиот брат Бијант, кои биле Лапити од панонско потекло. Тие владееле со Арголида во тек на шест последователни генерации.
По Претовата смрт, Мегалент владеел со Тиринт.
Абантовиот син Акрисиј бил кал на Арг. Бидејќи му било претскажано дека ќе биде убиен од внук, својата убава ќерка ја затворил во подземна одаја во која никој немал пристап. Меѓутоа, неа Зевс, во вид на дождовна капка, ја обљубил и таа го родила синот Персеј.
Персеј, Електрион, Алкемн, Амфитрион
Кога кралот Акрисиј го дознал тоа, Данаја и внукот ги затворил во дрвен ковчег и го фрлил в море. Брановите го исфрлиле ковчегот на островот Сериф. Таму мајката и синог ги нашол Диктис, брат на кралот Полидект, им дал прибежиште во својот дом и го одгледал момченцето како роден син. Персеј израснал во стасито момче, со исклучителна сила и убавина. Во меѓувреме, кралот се вљубил во Данаја и, за да го отстрани Персеј од островот, побарал да му ја донесе Медузината глава. Медуза била една од Горгоните, горзно чудовиште во женска форма, чија глава била цела со змии вплетени во нејзината коса, со заби слични на диви свињи, со долг јазик и раце од бронза, крилеста и со поглед што сè живо претворал во камен.
По долго скитање, маки и херојски дела со помош на боговите, со крилестата облека, со капа-невидливка и со Хермесовиот меч, Персеј го убил чудовиштето и ја отсекол главата. Со Медузината глава и со ќерката на кралот на Етиопиј, Андромеда, која му помогнала во потфатот, стигнал на островот Сериф и ја ослободил својата мајка, бидејќи со Медузината глава успеал сите присутни да ги скамени. Персеј го поставил Диктис за крал на Сериф, а потоа со мајка си и Андромеда отишол за Арг. На таа вест, кралот на Арг, Акрисиј, од страв побегнал, но Персеј тргнал по него за да го наговори да се врати, но не успеал. Пророштвото се исполнило. На еден натпревар во Лариса, Персеј ненамерно со диск го убил својот дедо. Персеј и Тесалијците со големи почести го погребале Акрисиј и му подигнале светилиште.
Скршен од болка, Персеј се вратил во Арг и наместо да биде крал на Арг, го замолил својот роднина Мегапент, Претовиот син, кралот на Тиринт, да му го остстапи Тиринт за Арг. Така Мегапент владеел со Арг, додека Персеј бил крал на Тиринт. Потоа Персеј ги обиколил со бедеми Тиринт, Мидеја и Микена.
Персеј со Андромеда имал шест синови: Перс, Алкеј, Стенел, Хелеј, Местор и Електрион и една ќерка Горгофона. Доаѓањето на Данај и на Персеј на островот Сериф опишано е во една од Есхиловите сатирични игри.
Персеевиот и Андромедин син Електрион се оженил со својата внука, Алкеевата ќерка Анакса, која му ја родила ќерката Алкмена и многу синови (вкупно девет). Случајно го убил Алкмениниот вереник Амфитрион, син на тиринтскиот крал Алкеј, Персеев внук. Алкмена својата прва брачна ноќ ја минала и со Зевс и со Амфитрион и родила близнаци.
Херакле бил Зевсоф син, а Ификле Амфитрионов. Амфитрион живеел мирно во Теба кај Фениќаните, а загинал во војната која Тебанците ја воделе против Минијците од Орхомен во Беотија, од панонско потекло. Погребан е во Теба. Митот за Херакле ќе биде изнесен во наредното поглавје.
Од ова може да се разимира дека египетската колонизаторска династија на Данајците, со голем број потомци, оставила длабоки траги на Пелопонез, особено на Арголида. Многу културни достигнувања се поврзуваат за Данај и неговите ќерки. Се наведува дека Данај, пред својот роднина Кадмо, ја вовел писменоста во Грција. Тој прв вовел вештачко наводнување на земјата, а неговите ќерки Данаидите ја пронашле вештината на копање бунари.21
21 Strabo, Geographia, I, 23, 8, Meineke, Lipsiae, I, II, III, 1913.
Персеј, преку својот син Електрион, е предок на најголемиот грчки хунак Херакле.22 Хераклевите авантури во Хипербореја ќе бидат изнесени во посебно поглавје. Дали Данајците оставиле генетски траги кои може да се следат до ден-денес, нека послужат податоците на истражувачот А. Донски.23 Тој изнесува податоци објавени во данскиот медицински часопис „Tisseus Antigenes“24 дека Грците имаат значајна сродност со подс-сахарските народи (етиопските), што ги одвојува од останатите медитерански групи.
22 Apllodori, Bibliotheca (I-II век пред Христа)
23 А. Донски, Јазикот на античките Македонци, Штип, 2006, 20-211.
24 Tisseus Antigenes, 2001, 57, 2, 118-127.
Продолжува
Пишуваат:
АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И
СЛАВЕ КАТИН