„Жална и тажна Македонија“

На 25 март и 1 април 2016 година Гојко Јаковлевски, алиас Гојко Делчев Рафкин – Гоце Македонски во „Нова Македонија“ го објави текстот . Затоа, во ова продолжение на „Македонско Сонце“ ќе се обидеме на читателите  да им презентираме дел од неговите видувања, предлози, патриотски погледи и идеи за сегашноста и иднината на Македонија.

Така, Гојко Јаковлески, меѓу другото пишува дека во Македонија постои протест против протест. Едниот протест организиран од граѓанската иницијатива „Ајде”, поддржан од опозициската СДСМ протестира пред Уставниот суд, кој ја подржа експресно поднесената иницијатива за укинување на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година. а на 15 март требаше да ја донесе конечната одлука.

Другиот протест беше за да му дадат поддршка на Уставниот суд да опстои и да го укине. Мирниот протест почна од пред Владата и , како што и прилега, демократски мина низ скопските улици, а протестантите, според најавата во медиумите да го продолжат протестот пред Уставниот суд.

Во двете протестантски групи имаше по неколку илјади Македонци и мал број други граѓани. Македонци против Македонци. Татко против син или обратно, брат против брат, роднини против роднини, другари против другари, колеги против колеги, соседи против соседи итн. Другите граѓани на Македонија гледаа сеир и се потсмеваа на глупоста нашта македонска.  Сликата беше тажна и жална, срамна и под македонското достоинство и гордост. До кога вака?

Дали има шанса да се излеле од политичката кал во која длабоко е пропаднато македонското општество. Има и нема!?! Затоа, пред се’ треба да проработи разумот, да се освестат,  да ја тргнат од себе суетата прво лидерите на двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, потоа раководствата и членството.

Очекувам и оптимист сум дека крајно време е да победи разумот. Свесен сум дека ќе биде многу тешко да ја извојуваме оваа битка, бидејќи Македоницте се раскрвавени до степен да не се видат! Но, Македонија има сили да организира фер и демократски избори, без манипулации, без купување гласови … Во т.н. скандинавски избори да избереме образовани, демократи, сериозни лица без криминален багаж, авторитети што ќе седнат на парламентарните клупи во македонското собрание и ќе отворат нова страница на македонската историја.

Паралелено со ова треба да се прочистат и редовите на раководствата, пред се, на двете најголеми македонски партии, да дојдат чесно, аворитетни лица, без дамки во своето досие, новите лидери да се изберат на демократски начин и да бидат најспособни, најквалитетни, да отскокнуваат од другите, кои европскит ќе бидат ориентирани не смо декларативно, туку и со новиот ангажман и исполнување на обврските на ЕУ.

Новите лидери ќе треба веднаш меѓу себе да си подадат рака, да се помират, да ги помират Македонците, да постигнат договор како да ја градиме и развиваме демократска Република Македонија. Со помирувањето мислам дека ќе престанат делбите меѓу Македонците на предавници и на патриоти, бидејќи сите сме македонски патриоти. Нема поголем или помал Македонец, секој си ја сака Македонија, а со тоа македонското ткиво нема да се черечи, ќе биде единствено и цврсто.

Со тој договор треба децидно да се договорат принципите на македонските  политички партии според кој никогаш меѓу нив и членството нема да се водат расправии и каранци за дневнополитички интереси, а во залог да се ставаат атрибутите на државата: територијата, симболите на државата (грб, знаме, химна), употебата на македонскиот литературен јазик и кирилското присмо, македонската валута – денарот, одбраната и заштитата итн.

2gojВо последните скопски настани, по двата протеста, двата кампа од пред неколку месеци, во изминатиов период бевме сведоци кога опозицијата ќе формираше граѓанска асоцијација за одбрана на …, веднаш позицијата е „против”. Опозицијата организира протест за екстерното тестирање, позицијата против протест итн. А, со тоа го делеа македонското ткиво, го распарчија на многу ситени делови. Според мое мислење, треба пто побрзо да дојде процесот на помирување на Македонците. Во спротивно, лошо ни се пишува. Македонската држава од ден на ден ја губи сувереноста, сакале да признаеме или не. Македонија и по 25 години опстојување како самостојна, суверена и независна држава се наоѓа во најдлабока криза.

Граѓаните, а пред се’ партиите, треба добро да размислат, да ги напуштат тесно партиските интереси, заедички, без инает, во интерес на иднината на државата да се справат со кризата. За опстанокот на Македонија повеќе се загрижени и ангажирани странски мисионери, кои првават големи напори да ни помогнат да ја надминеме политичката криза, отколку домачните политички лидери и функционери. Што е присуството на странците и на нивното ангажирање ако не е протекторат во Македонија!

Навлезен сум во деветтата деценија на животот, од кои 55 години живеам во демократска Германија, највлијателна држава во Европа. Ниту сум прочитал, ниту пак, сум слушнал дека во светот има демократска држава во која малцинството доминира над мнозинството. Во последниве петнаесет години тоа се случува во мојата родна татковина Македонија, која во 1991 година прогласси независност.

Албанците се околу 20 отсто од населението, втора по големина заедница во државата по македонската заедница, која, според податоците на последниот попис на населението и имот, има околу 65 отсто. Но, Албанците постојано се незадоволни од нивниот третман во општеството и покрај тоа што ги уживаат сите демократски права. Дури и повеќе од тоа што се практикува во државите со долга и развиена демократија.

Инаку,Охридскиот договор, кој беше потпишан со вперено оружје, на 13 август, 2001 година, македонските политички лидери и државниот врв беа принудени да го потпишат. Тоа беше еден вид капитувалицја. Со овој договор Македонија од држава на Македонците и на малцинствата, стана држава на заедниците. Албанците се интегрирани во општество со голем број министри, заменик-министри, државни секретари, директори на јавни претпријатија и агенции, градоначалници, претседатели на совети на општините…

Секаде се застапени, дури имаат и повеќе права од Македонците, мнозинскиот народ, и пак и пак се незадоволни. Имаат држава Албанија, имаат друга држава Косово. Сега сакаат уште една држава во западна Македонија или цела Македонија …

Албанците со опортунистичкото и недемократското однесување, непочитување на Уставот и законите, постојано се сопирачка во развојот на демократските процеси во општеството, создаваат немири кај другите заедници, а особено кај мнозинската, македонска заедница. Ова го демонстрираат со непочитување на државното македонско знаме, химната и грбот.

Во местата каде што албанската заедница е доминантна се вее само знамето на Албанија, или пак е придружувано со знамето на ЕУ и на САД, а државното знаме на Република Македонија го нема ни на јарболите и покрај тоа што е законска обврска. На прославите и свеченостите на албанската заедница не се пее химата на Македонија, туку на соседната држава Албанија. На иконографијата нема ниту еден симбол на Република Македонија.

Наместо да се отстанат девоизградените јарболи со знамиња на друга држава на македонска територија, тие од ден на ден се зголемуваат, незаконски се градат џамии, се поставуваат национални симболи на албанија, незаконски се менуваат имињата на училиштата, улиците, установите, во локалната самоуправа каде што доминантното население е албанското, ретко кога се почитува Бадентеровиот принцип на одлуќување кој е законска обврска.

Сите активности што ги преземаат функционерите на албанската заедница не може да се толкуваат поинаку освен дека отворено ги игнорираат државноста и постоењето на Република Македонија. Арогантно ја искажуваат нелојалноста кон државата во која живеат и ги остваруваат сите права.

Македонската заеднница ваквиот однос го толкува дека Албанците легално, непочитувајќи ги законите што ги изгласале пратениците од нивната заедница, отворено се залагаат да ослабне функционирањето на правната демократска држава, постепено да не може да ги извршува државните работи и така планираат и очекуваат да се распадне и да ја снема Република Македонија. Тоа е целта.

Во прва фаза да го одделни северозападниот дел на државата, а потоа и преостанатиот, и да се припојат кон голема Албанија, визија на Албанците – сите Албанци на Балканот да живеат во една држава. По двете држави Албанија и Косово, некои од политичарите посакуваат и јавно најавуваат дека нивна заложба е Македонија цела или делумно да биде во составот на новата држава – голема Албанија. Ова се случува во 21 век, само во мојата родна земја, Република Македонија.

3gojАлбанското малцинство со пописот од 2002 година (имаше забелешка на податоците) имаше околу 25 отсто од вкупното население, можеби и помалку. За да не се утврди вистинскиот број нажители, во 2011 година пописот на населението во Република Македонија беше прекинат поради обидите вештачки да се зголеми бројката на Албнаицте во државата, се со цел да не им се намалат привилегиите добиени со рамковниот (охридкси) договор.

Опстојувањето и добивањето незаконски привилегии и во разнебитувањето на државата го оставуваат на тој начин што постојано предизвикуваат политички кризи со немири на кои ја искажуваат силата со звечкање на оружјето, со уривање на материјалните добра на државата и на приватниот имот на Македонците. Во македонската демократска држава заедниците (малцинствата) ги имаат сите права, како во ниту една држава во Европа.

Ме чуди зошто Албанците во Македонија не сакаат да сфатат и да прифата, како во целиот демократски свет, дека и тие се Македонци, со албанско потекло. На пример, во САД живеат луѓе од целиот свет со различно етничко потекло: Полјаци, Германци, Французи, Порториканци, Мексиканци, „Југословени”, Бугари, Грци, Македонци, Албанци, Кинези … Сите тие можат дома на сопствени собири да говорот на мајчиниот јазик, да ги негуваат традициите. Во САД, кои се конгломерат од многу националности, има еден главен јазик – англискиот.

Мене често ми се случувало во Германија, Шпанија, Холандија, некој Германец или Шпанец да ми рече: „Еј, хер Гојко запознав еден Македониец”. Или во Шпанија, еден Шпанец ми вели: „Кај мене работи еден Македонец”. И кога ќе се запознаев, Македонците се Албанци, како што тие самите се нарекуваат Шиптари. Се прашувам зопто не можат или не сакаат да сфатат кога се во Македонија дека државата во која живеат е Македонија да се гордеат со неа, како што го чинат тоа кога се надвор од границите на Македонија, каде што се декларираат како Македонци.

Зошто не сакаат и во Македонија да се Македонци од албанско потекло. Колку побрзо сфатат дека се Македонци со албанско потекло и во Македонија, толку подобро за нив и за целата држава, за нејзиниот просперитет и напредок за сите што живеат во неа.

И за крај, ако сакаме да ја зачуваме Македонија, да ја направиме држава за пристојно живеење, да создадеме услови младите да останат на дедовите и татковите огништа, да ја намалиме невработеноста, да го подобриме стандардот на населението, да престанат омразата и делбата на Македоницте, треба што побрзо да ја надминеме политичката криза, да ги закопаме секирите на омразата. Заеднички сме посили и така ќе ги оствариме желбите и идеалите на големиот број Македонци што ги дадоа животите за слободна Македонија.

Крај

4gojПишува: СЛАВЕ  КАТИН