МНР испраќа економски советници во странство со цел унапредување на економската дипломатија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција најави дека земјава испраќа економски советници во странство, кои ќе дејствуваат во рамките на нашите дипломатско-конзуларни претставништа и ќе бидат надлежни за доследно, професионално и ефективно претставување на нашите економски интереси во европски и воневропски земји, како и на покривање и постепено градење на нов препознатлив бренд во меѓународната јавност, пред се на бизнис заедницата.

– Новиот концепт на економска дипломатија ќе биде базиран врз издржана, јасна и прецизна стратегија за економските односи со странство. Извозните потенцијали, расположливата работна сила, капацитети, земјиште и останати расурси за странски инвестиции. На основа на овие импути ќе се дефинирааат содржинските и географските цели на економската дипломатија. Економски профилирани кадри, економски советници ќе се упатуваат во оние земји каде што има реален потенцијал за зголемување на економската соработка. Земји со најголем потенцијал за инвестирање, земји кои се географски блиски или имаат изразено економско-географски интерес, земји со потенцијал за туристи и така натаму, нагласи Османи.

Тој наведе дека за поголема успешност на проектот планираат во прва фаза, во текот на 2021 година врз основа на експертска анализа да бидат таргетирани неколку европски и неколку воневропски земји со најголем потенцијал за соработка.

– Економските советници ќе бидат избрани од редот на високи стручни дипломати од Министерството за надворешни работи, експерти од јавната администрација со економско портфолио и по потреба експерти од приватниот и јавниот сектор. Сите тие без исклучок ќе поминат обемна оперативна и стручна теоретска обука за особеностите и карактеристиките на нашата економија, спецификите на нашиот пазар, капацитетите на нашето стопанство и можностите на туристичкиот сектор, истакна Османи.

Министерот за надворешни работи потенцираше дека неговите амбиции во следните четири години се дипломатијата да добие една дополнителна компонента, една нова економска карактеристика, која ќе биде, како што рече, попрактична, повидлива, поисплатлива улога.

– Се работи за економската дипломатија, важен дел од надворешната политика на земјата, која сметаме дека треба да биде обновена, да биде засилена и да биде издгината како еден од клучните приоритети на државата, истакна Османи а тоа е вели, интенцијата на новата Влада во овој мандат да биде посветена на економијата и економскиот раст. 

Изборот на кадрите ќе го врши Меѓуресорска владина работна група, која е веќе во фаза на формирање, во која ќе влезат претставници  од економските  ресори како што се Министерството за економија, финансии, транспорт и врски, ресорите коишто имаат  значајна улога во спроведувањето на економската политика итн.   Оваа работна група потоа ќе ја прошири својата активност преку активен пристап  до бизнис  секторот, стопанските комори, академскаста и  експертскаста јавност.

– Со тоа ќе се формира широк фронт за спроведување  на  целите на економската дипломатија, унапредување на севкупната надворешна активност на земјата, а тие цели се: претставување на Република Северна Македонија како привлечна дестинација за  странски  инвестиции преку промоција на предностите за водење бизнис, формирање на постојана распространета влијателна мрежа  која ќе послужи како моќна алатка во процесот на спроведување на нашата стратегија за промоција на извозот на нашите производи, промовирањето на земјата како атрактивна туристичка дестинација со цел зголемување на бројот на туристите кои ќе ја посетуваат земјата и воопшто промоција на Република Северна Македонија како економски и политички бренд, кој претставува дел од современото општество и активен придонес  во оформувањето на стратегијата  за ефикасно искористување на потенцијалите за билатерална помош од нашите меѓународни пријатели, рече шефот на дипломатијата.

На прашање на МИА за начинот на изборот на економските советници, како и за тоа кои би биле првите држави каде би биле тир уаптени, Османи појасни дека МНР го подготви концептот врз основа на сите претходни искуства од минатото, на компаративна анализа на земјите со коишто сметаме дека имаме слични приоритети во економијата.

Според тој концепт, ќе се формира  експертска работна група од претставници од министерствата кои покриваат економски сектори, меѓутоа и од бизнис секторот, од коморите кои врз основа на информациите  е дадат приоритет на земји кои ќе бидат таргетирани прво во првата  група, а ќе бидат земени предвид и квалификациите на луѓето кои ќе бидат испратени, со тоа што  ќе се  даде предност на дипломатите во МНР со искуство во економската дипломатија и тие ќе бидат испратени во ДКП-та на земјата во овие таргетирани држави како  економски  советници, потоа претставници од другите министерства  или агенции од економската сфера.и третото ниво се луѓето од приватниот или јавниот сектор кои се истакнати бизнисмени и економисти коишто сметаме дека ќе играат важна улога во  оваа економска дипломатска активност  на земјата.

– Сите избрани советници потоа ќе мора да го поминат курсот којшто ние го организираме како надлежно Министерство. Така да и по однос на квалификациите односно критериумите и по однос на таргетирањето на државите ќе одлучи експертската меѓуресорска група , а советниците ќе бидат ангажирани  од страна на МНР бидејќи идејата е овој концепт да го контролира МНР преку својата  дипломатска мрежа, истакна министерот Бујар Османи.