Писмена реакција за интервјуто на Дора Бакојани за ТВ „Скај“

Почитувани,

 

Во врска со интервјуто на Дора Бакојани за Грчки ТВ „Скај“, каде таа соопштила дека бараат пакет решение што ќе го прифати целата меѓународна заедница, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Што ни порачува Дора Бакојани? Решението мора да биде во пакет со промена на Уставот веднаш. Државите кои досега не признале како Република Македонија веднаш да почнат го користат новото име и во билатералните односи. Бакојани како директен промотор на ветото за Македонија на НАТО Самитот во Букурешт во 2008, сестра на Кирјакос Мицотакис, лидерот на опозицијата со најголем рејтинг на Грција јасно ни порачува дека фазно решение на спорот за името е невозможна мисија!

Има ли некој во Македонија кој се уште верува дека Грчките политичари ќе се откажат од своите тврди националистички позиции за Македонското прашање? Не само што не уценуваат да прифатиме ново име и нов идентитет, туку бараат и 142-те Држави, меѓу кои САД, Кина и Русија, три од пет постојани членки на Советот за безбедност на ООН, да ја сменат својата одлука за признавање на Република Македонија. Бараат се или ништо!

Македонската Алијанса одамна тврди дека актуелната Влада бадијала се понижува. Ниту подготвеноста на Зоран Заев да прифати географска одредница, ниту преименувањето на автопатот и аеродромот не ги задоволуваат Грчките националисти. Како што не им беше доволна ниту промената на Уставот, ниту откажувањето од знамето со сонцето од Кутлеш, ниту прифаќањето на срамната референца ПЈРМ во деведесетите години. Чуму ни е нова билатерална спогодба што ќе ја врачи Коsијас, кога претходната Времена Спогодба Грција не ја испочитува и спроведува.

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ!

Македонската Алијанса смета дека порано или подоцна лидерите на најодговорните политички партии ќе станат свесни дека нема да можат да го претстават обезличувањето на Македонскиот народ како успех. Македонскиот народ сака во ЕУ и НАТО но не по цена да се откаже од сопствениот идентитет. Нашиот став е јасен! Меѓународното право мора да важи за нас исто како и за сите останати земји. Или Македонија без понатамошно одлагање ќе стане полноправен член на НАТО Алијансата согласно пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг или разговорите за проблемот кој Грција го има со нашето Уставно име треба да се прекинат!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

                                                                                 Ѓорѓија Џорџ Атанасоски