Во отуство на вакцина и лек за оваа болест Ковид – 19 нема друга алтернатива освен доследно почитување на заштитните протоколи, физичка дистанца, носење макси и драстично намален број на дружби и семејни собири. Направете го тоа за себе и за своите најблиски, апелираше до граѓаните претседателот на државата Стево Пендаровски по завршувањето на денешната девета седница на Советот за безбедност.
Актуелната ситуација со Ковид -19 и мерките за сузбивање на пандемијата била единствената точка по која се дискутирало, а министерот за здравство Венко Филипче, по покана од Пендаровски присуствуваше на седницата и информирал за најновата состојба, за ангажираните човечки капацитети и материјалните ресурси, за работата на Комисијата за заразни болести и за плановите за работа на болниците низ земјата заради прифаќање на напиливот на нови пациенти.
Премиерот Зоран Заев информирал детално за мерките на Владата за поддршка на домашната економија и на сите категории на граѓани кои се најмногу погодени од пандемијата.
– Бевме информирани и за функционирањето на Централниот кризен штаб, луѓето во кризнот штаб на дневно ниво следат што се случува во регионот, во Европа и се подготвени во најкус можен рок практично да ги примената најдобрите модели и кај нас. Поради есенскиот бран на пандемијата здравствениот систем се реорганизира, се ангажираат дополителни капацитети, се прават максимални напори да се тестираат што е можно повеќе лица и да се згрижат и третираат што е можно повеќе пациенти, рече Пендаровски.
Сведоци сме дека ситуацијата не се подобрува, нагласи шефот на државта Пендаровски, секојдневно имаме значителен број заболени, а бројот на оние чии што животи згаснаа поради Ковид-19 значително порасна.
– Не сакам да барам оправдување за секој потег на нашите власти кој е преземен во последните осум месеци, меѓутоа во однос на сетот на мерки кои нашите здравствени авторитети ги применуваат јасно е дека не постојат мерки кои се препорачани и од СЗО или се применуваат во некои други држави и даваат позитивни ефекти, а не се применуваат кај нас, истакна Пендаровски.
Главнината на здравствените мерки е иста, појасни претседателот Пендаровски, разликата е само во нивото на нивно почитување од страна на граѓаните и нивото на имплементација на законите од страна на државните институции.
– Ниту во владата, ниту во Министерството, ниту во КЗБ не е собрано искуството во светот, така што секоја добронамерна и конструктивна критика за подобрување на нашиот национален државен одговор на пандемијата е добродојден. Кај министерството и во Владата во целина постои и мора да постои добра волја и подготвенсот сите корисни идеи и предлози да бидат прифатени, рече Пендаровски.
Лично не очекува оваа ситуација, како што истакна, да се користи за добивање на политички поени,
На новинарско прашање дали е потребно повторно да се прогласи вонредна состојба, Пендаровски појасни дека сега има функционално собрание кое доколку е тоа потребно да го направи.
Јас ќе одобрам употреба на толку припадници на армијата за да помогнат и ако системот не може да издржи армијата може да биде логистичка поддршка од страна, рече Пендаровски, посочувајќи неколку примери каде што е ангажирана армијата за помош во справувањето на пандемијата со коронавирусто.