Во МНР средба за ко-претседавањето на С.Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес

Во Министерството за надворешни работи претпладнево ќе биде одржан работен појадок на шефот на дипломатијата Бујар Османи со амбасадорите на Бугарија Ангел Ангелов, на Германија Анке Холштајн, на ЕУ Дејвид Гир и на земјите од Западен Балкан.

Работниот појадок е дел од активностите во рамките на Заедничкото ко-претседавање на Република Северна Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес.

Предвидено е воведните обраќања да имаат Османи, Ангелов, Холштајн и Гир, соопшти МНР.