Сериозно е нарушена независноста на Регулаторната комисија за енергетика, која не ги почитувала роковите за утврдување на цената на водата, изјави на прес-конференција портпаролот Миле Бошњаковски.
Решенијата се донесени по локалните избори во 2017, според него, тоа требало да се случи во октомври 2016.
Информацијата за обврските и роковите кои произлегуваат од Законот за утврдување на цени на водните услуги била разгледана на синоќешната владина седница. Од анализата, како што беше соопштено, произлегува дека Регулаторната комисија за енергетика не ги почитувала роковите утврдени согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги. Согласно ова, Владата им препорача на водостопанските препријатија да поднесат барање за измена на решенијата за тарифите за водна услуга.
На прашањето дали Владата се става над Регулаторна кое е независно тело, Бошњаковски рече дека иако е така работата на комисијата е предмет на анализа и може да се разговара за тоа.
– Постапките се премногу јасни и индикативни, рече портпаролот на Владата.