ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ
Задача на Херакле била на Евристиј да му донесе плод од златното јаболково дрво, кое мајката Земја ù го подарила на Хера како свадбен подарок за бракот со Зевс. Хера, која многу се израдувала на подаркот, го засадила дрвото во својата божествена градина, западно од Тартес и Стига, „таму каде задишаните коњи кои ја влечат кочијата на Хелиј го завршуваат својот пат, во земјата на Хесперидите.“ Таму, во земјата на Хиперборејците11 „се наоѓа Атлантовото стадо од илјада овци и крдо од илјада говеда кои скитаат по неприкосновените пасишта, како и божествената градина со златни јаболка“.
11 Херодот, Историја, IV, 184, Матица Српска, Београд, 1988.
Бидејќи Нереј (реката Нера), бог на водите, му ја оддал тајната како може да се стигне до Хесперидите, тој тргнал натаму, спротивно од течението на Дунав. Кога стигнал до селото Винча, заклучил дека Дунав се дели на три ракавци: „Големи води“, „Средни води“ и „Мали води“ и дека прави редок комплекс од четири ади. Тоа се: Чакљан, Форко-тумац, Стефанац и Доња ада. Јужно околу адата Чакљан се „Малите води“, додека северостично се „Средните води“. Утврдил, исто така, дека ракавецот „Мали води„ ја скратува пловидбата (бидејќи е долг само 7 км, за разлика од останатите чија должина изнесува и до 19 км), но изобилува со подводни карпи/песочни наноси, со многу трупци во водите, додека десниот брег бил висок брег, заматен со кал, исто така полн со трупци и камења (Бела Стена).
Борба со Как кај Ада Чакљан на Дунав
Херакле бил пред својата цел па затоа решил да се одмори малку. Уморен од претходните борби и патешествија, брзо заспал и ги оставил Герионовите говеда да пасат. Меѓутоа, на ада Чакљан (етимолошки сложен збор од κακ, κακος, какос – лош и зборот лиан-многу), живеел воинствениот домородец Како. Тој бил чудовиште, живеел во пештера (веројатно во Бела Стена), ги напаѓал и убивал сите што проаѓале тука и ја пустошел околината.
Како од Герионовите говеда украл четири вола и четири крави, кои вешто си сокрил во пештерата на Бела Стена. За да ги покрие трагите, Како или говедата ги влечел за опашките наназад или ги бришел траговите со гранки. Кога Херакле се разбудил, ја забележал кражбата и сепак говедата ги нашол по трагите, по мукањето на кравите или со помош на Каковата сестра Кака. Кака на Херакле му го открила засолништето каде нејзиниот брат Како ги скрил украдените говеда. Поради заслугите за оваа услуга, таа подоцна станала загадочна стариримска божица, за чиј култ се грижеле весталките, домаќинки на државното огниште, како и храната што на истото се подготвувала, особено лебот.
Во борбата која избила меѓу Како и Херакле, чудовиштето блуело дим и пламен, така што целата околина горела, сè до градините на Херините златни јаболка. На тоа место, подоцна е изграден градот Панчево (етим. кованица од пан – сè и кео – да гори), т.е. „Град кој целиот гори“. Во текот на страшната борба, на Херакле му снемало стрели, а боздоганот му се скршил, па му се обратил на својот татко Зевс (Дунав) да му помогне. Таткото тогаш донел многу камења (од Бела Стена?) со чија помош Херакле го совладал и на крај го убил Како. Во спомен на овој настан е и ономастиката на адата на Дунав, Чакљан (многу лошо), т.е. персонификација на совладување пречки од трупци и камења, со песочни наноси спротивно од течението на ракавецот „Мала Вода“.
Златните Херини јаболка
Од адата Чакљан, Херакле прешол на адата Форкотумац, за преку ракавецот на Дунав „Голема Вода“ да пристигне до Хесперидините јаболка.
Кај адата Форкотумац, Херакле сретнал двајца баќа, Форк и Таумант, Геини и Понтови деца. Форк или Форкеј (Φορκος или Φορκνος – дива свиња според Грејвс),12 бил бог на вкочанети гребени и бранови. Бил оженет со Кета, својата сестра, која, покрај останатите, му ги родила и Хесперидите, Фокидите (Граите), Скила и, според Хесиод13, змејот, кој ги чувал јаболките на Хесперида. Подоцна се прикажувало дека Форк владеел со Корзика и Сардинија и дека се удавил в море за време на поморската битка што ја водел со Атлант, кој претходно бил негов земјак, додека биле во земјата на Хиперборејците.14 Форкидите биле две лични, убави сестри, наречени уште и Граи (сиви), бидејќи биле седи уште од раѓање. Форкидите се преведуваат и како деца од свиња-маторица (Крњача?), а Форкида како свиња-маторица.15 Подоцна се ракажувало дека постоела и трета Форкида, Персо, и дека таа имала изглед на лебед. Сите три заедно поседувале по едно око и еден заб. Тие го надгледувале патот што води кон Горгоните, кои живееле во Хадовите одаи,16 во Стишките пештери на Хомољ.
12 Grevs, R., The Greek Myths, Penquin Books, Middlessex, 1972.
13 Hesiodus, Fragmenta & Theogonia, стр. 270 и понатаму
14 Херодот, Историја, IV, 184, Матица Српска, Београд, 1988.
15 Grevs, R., The Greek Myths, Penquin Books, Middlessex, 1972.
16 Хомер, Илијада и одисеја, V, 741, 349, Нови Сад, 1985 (прев. М.Н. Ѓуриѓ)
Форковата ќерка Скила (Σκυλλω скиле, од σκυλλω скило – растргува, мачи, т.е. таа која раскинува), била бесмртно чудовиште, водич, живеела во пештерите под гребените чии врвови ги прекривале пенливите бранови и магла. Кога Херакле го преминувал дунавскиот ракавец „Големи Води“, Скила му грабнала едно Герионово теле. Ненадејно, Херакле, не знаејќи дека тоа е Форкова ќерка, ја убил Скила со своите стрели. Добродушниот татко Форко брзо го составил кериконото тело со запалени факели, така што Скила повторно ја оживеал.17
17 Lycophron, Alexandra, 45.
Форковиот и Кетин син-змеј се викал Ладон (оној кој прегрнува). Хера го поставила Ладон да ги чува златните јаболка на дрвото на животот додека не ги оберат Хесперидите или за да го уништи Херакле. Ладон имал стотици глави и бил секогаш буден. Покрај тоа што бил бесмртен, секогаш лежел склопчен околу дрвото и говрел различни јазици. Кога Херакле стигнал до градината на Хесперида, прво со отровни стрели го усмртил Ладон, а Зевс, за да ја овековечи оваа борба, го пренел Ладон во соѕвездието Змеј. Сцената на убивање на Ладон бил чест мотив во хеленско-римската епоха.
Со извидување на теренот, Херакле сакал уште еднаш да ги потврди советите на морското божество Нереја (реката Нера) и речните Нимфи, ќерки на Зевс и Темида. И навитина, кога се завртел кон запад, каде Зевс се венчал со Хера, десно од себе ја имал нимфата Темида, денешната река Тамиш или Темиш, лево пред себе Зевс (Дунав) и Форките (ада Форкотумац), а далеку зад него, Хера (Делиблатската пештера со топоним Хероња). На Херакле не му „пречела“ караницата на митографите за тоа дали Хесперидите се родени од Форк со Кета или од Зевс со Темида.
Кога дошол до Херините градини во денешниот Панчевачки рит, Херакле уште еднаш се потсетил на зборовите на Форковиот брат Таумант (Θανμας Таумас – чудотворец, чудесен) и неговата убава жена Електра (Ἠλέκτρα – сјај, јантар) дека ако било што на патот за Микена му затреба, да се обрати на неговата ќерка Ирида (Ιρις – итра, брза, долга). Таа била неуморна, златокрилеста гласничка на боговите, која живеела на запад, на Иришкиот венец кај Фрушка гора. Истовремено, чудотворецот Таумант го потсетил да води смека за загадочниот збор мелон (μηλον), кој што има двојно значење, бидејќи мелон значи и ’овца’ и ’јаболко’.
Понатаму, дека јаболките се наоѓаат онаму каде и Атлантовите говеда, а овците лево. На теренот, Херакле наишол на две рекички што се вливаат во Дунав. Левата носи име Себеш (σεβω, σεβτζω етимолошки од себо, себизо – да се биде во страв, да се врши побожна должност). Тука постои и топонимот Овчански Себеш и селото Овча. Десната рекичка носи име Бутуш (βουτης бутес – говедарски), каде спротивно од течениеото на водата се доаѓа до Јабуковиот рит, а нешто повеќе на северозапад крај Тамиш, до селото Јабука. Херакле сметал дека тука се Атлантовите говеда.
Бидејќи богот Нереј го советувал тој самиот да не ги бере јаболките, туку тоа наместо него да го стори Атлант (Ατλς, атлас – носител), Херакле така и постапил. Атлас бил еден од Титаните, син на Јапет и океанидата Климента, и имал многу ќерки, меѓу кои и Хесперидите, а од синовите Хеспер. Поради учеството во борбите на Титаните против боговите, Зевс го казнил Атлант да го држи небото со рацете над главата, во земјата на Хесперидите, односно Хиперборејците.
Херакле го замолил Атлант да му направи услуга, што тој со задоволство прифатил за да се одмори малку од товарот. Тогаш Херакле ги подвиткал плеќите и ја прифатил на себе тежината на небесниот свод наместо Атлант. Набрзо, Атлант се вратил со три јаболки кои ги набрале Хесперидите и решил самиот да му ги однесе златните јаболка на Евристеј, бидејќи чуството на слобода му се причинило неизмерно пријатно. Сфаќајќи ја намерата на Атлант, Херакле се преправил дека се согласува, но, бидејќи Нереј му рекол никако да не се согласи на некоја таква слична понуда, го замолил Атлант да му го придржи сводот додека не стави подметка на главата. Не насетувајќи никаква измама, Атлант ги оставил јаболките на земја и го примил небескиот свод. Херакле ги собрал златните јаболка од Херината градина во Панчевачкиот рит и со Гериновите говеда тргнал понатаму по Дунав, водејќи особено сметка да ги сочува Хесперидините јаболки во добра состојба.
Јаболката им обезбедувале младост и бесмртност на боговите од Олимп, па затоа често биле и „јаболка на раздор“, караници, дури и војни. Така, на пример, Хомер18 раскажува дека едно златно јаболко била причината за Тројанската војна. Имено, таткото на сите богови, Зевс, за да го разретчи човечкиот род и да ја прослави својата убава ќерка Хелена, решил да предизвика светска војна.
За тоа се советувал со нимфата Темида (реката Тамиш), која била негова втора жена, во прусуство на божиците-зачетнички на неслога, караница и војна, Еридите (Ερτς, ерис – караница, препирка, борба), сестри на богот Ареј (ада Ратно острово) и решил да предизвика голема војна. Задачата ù ја доверил на Ерида. На една свадба на која присуствувале сите богови, Ерида, која не била поканета, решила да ги раскара гостите на боговите. Додека Хера, Афродите и Атена пријателски си муабетеле држејќи се за раце, таа им спуштила едно златно јаболко крај нозете, на кое пишувало „На најубавата!“ Секоја од трите божици се сметала за најубава и секоја си помислила дека јаболкот ù припаѓа токму неа, но ниту еден од боговите не сакал да пресуди. По налог на Зевс, тоа морал да го стори тројанскиот принц Парис, Пријамов син.
За да ја добијат наклонетоста на принцот, божиците нему му давале разни ветувања. Хера ветила дека ќе се погрижи тој да стане господар на целиот свет; Атена му ветила дека ќе биде славен, а Афродита му ветила дека за жена ќе ја земе најубавата на светот, познатата Хелена, Зевсовата ќерка, сопруга на Менелај. Парис ја прогласил Афродите за најубава божица и ù го предал златното јаболко од божествените градини на земјата на Хесперидите. На Афродитина интервенција, за време на една прослава на Крит каде со својот сопруг била и Хелена, таа на прв поглед страсно се вљубила во тројанскиот Парис. Го напуштила кралот на Спарта, Менелај, и доброволно тргнала со него во Троја. Така почнала Тројанската или „првата светска војна“, во 1192 година пред Христа. Во оваа војна, Херакле не учествувал бидејќи живеел пред да таа се случи.
18 Хомер, Илијада и одисеја, XXIV, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)
Продолжува
Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН