Романија има природен интерес за европска интеграција на регионот која што беше високо на листата на приоритетите на романското претседателство со Советот на Унијата за што сме благодарни, истакна заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров кој денеска го прими во проштална средба романскиот амбасадор во земјава Виорел Станила.
Како што соопшти СЕП, Димитров се заблагодари и за искреното пријателство, за личниот ангажман на амбасадорот и помошта на Романија во остварувањето на евроатлантските процеси на нашата држава, посакувајќи му успех во неговите понатамошни професионални и лични планови.
Соговорниците ги потврдија блиските билатерални односи помеѓу двете земји, притоа посочувајќи ја соработката во рамките на ИПА-инструментите, ТВИНИНГ и ТАИЕКС, стои во соопштението.