Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање пред Владата до учесниците на протестниот марш за поддршка на приведените во врска со настаните во Собранието од 27 април, побара запирање на неправдите и на, како што рече, политичкиот прогон во земјава.
Тој посети дека ВМРО-ДПМНЕ предложила закон за амнестирање на учесниците во настаните од 27 април.
– Се собравме заеднички да го искажеме нашето незадоволство од неправдите во Македонија од новата власт, која половина година дивее и нанесува многу неправди и многу штета насекаде. Со овој протестен марш сакаме да го изразиме нашето незадоволство од неправдите на оваа марионетска власт, а ги има многу, ги има секојдневно, внесоа страв и несигурност кај народот, рече Груевски.
Тој нагласи дека народот полека се освестува и излегува на улица да го изрази своето незадоволство.
– Иако ангажираше цела армија луѓе платени од народот, кои преку медиумите и социјалните мрежи треба да ги оправдуваат чекорите на оваа власт, иако Заев назначи и министер за пропаганда, иако медиумите се под најголема закана, сепак за неправдите се говори секојдневно, рече тој.
Груевски нагласи дека иако членовите, симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и на коалцијата „За подобра Македонија“ се најмногу изложени на неправдите на оваа власт, како што рече, не се поштедени ниту другите, а најмногу штета има Република Македонија.
Тој упати и критики до политиките на Владата на Зоран Заев во сферите на економијата, надворешната политика, Планот 3-6-9, апсирациите за влез во ЕУ и НАТО, кадровските решенија, образованието..
Пред присутните се обрати ќерката на поранешниот министер за внатрешни работи и поранешен директор на БЈБ, Митко Чавков, Зорица Чавкова, која изјави дека е горда на своето презиме и на својот татко.
– Каква и монструозна приказна и да измислат нема да го сменат тоа, јас сум горда на своето презиме, мојот татко не е терорист, не се терористи ниту неговите колеги кои долги години работеа во МВР се бореа за безбедноста на оваа држава. Не се терористи, ниту Игор Дурловски, ниту Борис Дамовски, ниту Богдан Илиевски, порача таа.
Виското раководство на ВМРО-ДПМНЕ, партиски членови, пратеници, приврзаници најпрво се собраа пред Министерството за правда и се упатија кон Владата.
Протесниот марш го предводеа Груевски и членови на високото партиско раководство, кои на маршурата од Министерството за правда до Владата носеа транспарент, на кој беше испишаното мотото на маршот „За правдината, за таковината“. Меѓу учесниците беа Емил Димитриев, Антонио Милошоски, Христијан Мицковски…
Протестниот марш се одвиваше под зајакнато полициски присуство.
Протестот продолжува утре во 18 часот пред Министерството за правда.